Заштета уште од мали нозе

17.07.2020

Заштедата на пари е еден од најважните аспекти на градење богаство и обезбедување финансиска основа. Сепак многумина од нас ја научија важноста на заштеда на пари преку проба и грешки и уште поважно искуство.Во училиште, ние навистина не учиме за важноста на заштедата и многумина од нас сметаат дека како возрасни, треба да се грижиме за себе.Но постојат начини да се потикне следната генерација а тоа започнува со учење на децата за важноста на заштеда од млада возраст.

Ако сте родител еве 6 начини како да ги научите вашите деца на заштеда на пари:

·Старт со купување на касичка за вашето дете

Може да биде одличен начин да ги научите вашите деца за важноста на заштеда, истовремено давајќи им лесен начин да го сторат тоа. Кажете им на вашите деца дека целта е да ја наполнат касичката со денари и монети се додека нема место. Илустрирајте дека касичката е за заштеда на пари за иднината и дека колку повеќе тие заштедуваат толку повеќе ќе растат нивните пари.

Отворете сметка во банка

Штом касичката е полна, однесете го вашето дете во банка и отворете му штедна книшка. Дајте им да сметаат колку пари ќе бидат депонирани, за да можат физички да разберат колку пари имаат. Покажете им го последниот број и зајакнете ја идејата за интерес.

Може да обезбеди одличен извор на мотивација за вашите деца ако разберат дека нивните пари ќе растат со тек на време, се додека не ги допрат.

Употреба од собраните пари

Кога вашите деца навистина сакаат најнова и најголема играчка кажете им дека ќе треба да заштедат за тоа. Дајте им тегла за секоја од нивните посакувани желби и понудете им мал додаток секоја недела. На пример ако му дадете на вашето дете 300 денари неделно дајте му ги раситнето од по 10 или 50 денари. Тие можат да ги зачуваат сите свои пари за една желба или можат да ги распределат во различни касички за разни заштеди.

За да ги охрабрите да заштедат за своите краткорочни цели, ставете слика на саканата играчка или ставка на касичката, така што тие имаат визуелно потсетување за тоа кон што целат.

 Креирај време

Како дете концептите за пари и време можат да бидат тешки за разбирање. Истражувањата покажаа дека влијанието на едночасовната финансиска лекција се троши по околу пет месеци.

Со цел пораката да се држи, образованието за пари треба да биде навремено и тековно. Еден начин да продолжите со лекциите за пари е да креирате временска рамка за вашето дете да може да визуелизира кога ќе ја достигне својата цел. Секој пат кога ќе се зачува количина, нацртајте линија со илустрација колку е зачувано. Известете ги вашите деца дека ќе добијат мали награди на секоја исполнета касичка. Малите награди можат да ги охрабрат децата да продолжат со тоа. Визуелите се исто така корисни во илустрирањето на нивните заштеди и како растат нивните пари.

Воден од пример

Децата учат од примери, така што најдобриот начин да го научите вашето дете за заштеда на пари е сами да заштедите пари. Имајте своја касичка за пари во која редовно ќе ставате средства. Кага ќе пазарувате, покажете им на вашите деца како да разликуваат различни цени и објаснете зошто купувањето на една ставка има подобра смисла од друга. Повторете ја пораката дека секој пат кога ќе бидете платени, заштедувате дел од чекот за да се подготвите за иднината.

Конверзација

Една од најважните работи што можете да ги направите е да започнете разговор за пари и важноста на заштедата..Илустрирајте колку нивните пари можат да растат со текот на времето ако заштедат.

Разговарајте и за разликата помеѓу потребите и желбите и кажете им на децата дека секогаш сте отворени да зборувате со нив за пари и нови начини за заштеда. Прашајте ги за што сакаат да заштедат. Прашајте ги како сакаат да изгледа нивната иднина. Поставувањето добри прашања може да ги натера да размислуваат долгорочно и да имаат позитивен однос со парите. Да им кажете дека сте секогаш отворени за разговор за пари, може да ги охрабрат да поставуваат прашања за да продолжат да учат. Учењето на децата како да заштедат пари може да изгледа како тешка задача.  Но користејќи ги овие совети, можете да направите разбирањето на парите на вашето дете да биде забавно и достапно. Тоа е инвестиција во знаење што навистина плаќа најдобар интерес.

Повеќе новости
Претходно Најпопуларни безалкохолни освежителни пијалоци за ова лето
17.07.2020

4 предлози за безалкохолни пијалоци што може да ги направите за 3 минути. Уживајте

Види повеќе
Следно Мажите со овие 7 имиња се осудени да се збогатат во 2020 година
17.07.2020

Секое име си има свое значење, свој белег и историја.Името не го одредува карактерот на човекот,но носејќи го како белег и именувајќи го доб...

Види повеќе