7 начини како да ги организирате вашите финансии

7 начини како да ги организирате вашите финансии

Без разлика дали во моментот се наоѓате во финансиска криза или едноставно приходите не ви стигаат, финансиските потреби за кои понекогаш е потребно да се справиме, можат да бидат прилично стресни и обезхрабувачки, особено кога сакаме да постигнеме одредени работи во животот и имаме поставени цели за кои се стремиме кон исполнување. Токму во овој случај имаме потреба од работна стратегија која ќе ни помогне да ги поставиме финансиите во ред и мудро да ги искористиме.

Најпрво да ги откриеме оние мали погрешни одлуки кои сме ги направиле во минатото и кои не довеле до ситуација да бидеме загрижени како тие трошоци да ги покриеме. Преку тие погрешни одлуки и чекори ќе изградиме нови кои ќе  помогнат да создадеме здрава и стабилна финансиска основа. Креирањето на добри финансиски навики кај самите нас може да ни биде само од корист, со цел полесно да избегнеме страсни ситуации од типот како ќе се издржи до наредна плата, а воедно ќе ни даде и слобода да се фокусиаме на оние цели за кои се стремиме кон исполнување.

#1Пронајди ги погрешните одлуки кои те довеле до финансиска нестабилност и прекини да ги правиш истите почнувајќи од ДЕНЕС!

Исклучиво важен фактор е да се прекинат, доколку имате желба и мотивација да создадете финансиска сигурност и мир. Почнете да забележувате што точно од однесувањето не било исправно спрема одредена ситуација и како треба правилно да постапете. Се разбира, додека ги истражувате сопствените грешки, не дозволувајте да изгубете надеж. Секој од нас може да научи како правилно да управува со финансиите, а воедно и како да се справи со финансиските потешкотии. И покрај тоа неуспехот сам по себе не треба да се потценува, бидејќи тој е движечка сила на промената на чија основа може да се научи како да се донесат правилни одлуки.

#2Биди паметен! Мудро користи ја кредитната картичка.

Кредитната картичка како инструмент ни овозможува две привилегии, поради која е и причината да ја имаме. За стабилизирање на финансиите, потребно е исплатата за месечните рати да биде редовна, да се биде дисциплиниран, како би го искористиле најдоброто од картичката.

#3 Ако е потребно, промени го начинот на живот

За да ги стабилизираме финансиските трошоци, понекогаш мора да го жртвуваме она што сакаме да го имаме. Помислете од што може да се откажете за одреден временски период како би ви го стабилизирал финансискиот трошок во тој период. На пример: можете да се стрпите со купувањето на новиот IPhone 6, да се стрпите со купување на нов автомобил, поголем стан или пак да го намалите шопингот. Идејата дека ќе се лишиш од нешто, не треба да ве прави да се чувствувате лошо. Запомнете дека ова е чекор од стратегијата за да можете повторно нормално да располагате со финансиите. За да се стаблизира финансиската независност, потребно е да имате поставено јасна цел и стратегија и истата да ја примените.

#4Заштеди одредена сума на пари за одреден временски период

Преоритетен чекор кон намалување на финансиските трошоци. Нема поубаво од тоа да знаете дека нема да останете без пари за два месеци, доколку останете без работа. Поставувањето цел за да заштедите одредена сума на пари до крајот на годината, како и да продолжите со исто темпо. Износот можеби нема да биде голем, но треба да биде реална и прилагодена према можностите во тој момент. Оваа одлука ќе ви помогне да ве мотивира и да продолжите со истата цел. Ќе забележите како сами ќе почнете да барате непромислено решение, како на пример: како да потрошите малку повеќе “непотребни” пари.

#5 Инвестирај време во сопствената финансиска писменост.

Најголемата причина да подпаднете во финансиска несигурност и да размислувате за тоа како ќе преживеете до наредна плата, која е поврзана со недостатокот на финансиска писменост и одговорност. Обидете се барем по 1 час неделно да се едуцирате во градењето на финансиска сигурност, кои се најсоодветните методи и начини да користите финансиски стратегии на пазарот. Читајте книги, статии, посетувајте семинари од истата тема и сл. Покрај тоа што ќе добиете драгоцено знаење, ќе запознаете и други луѓе кои го имаат истиот проблем.

#6 Кажи НЕна емотивниот трошок

Дали некогаш ви се има случено да купувате кога се чувствувате виновни за нешто, или имате грижа на совест? Или се обидувате да си го подобрите разположението?Дали некогаш купувате често кога се чувствувате лошо? Дали купувате работи кои не се преоритетни само за да се чувствувате подобро? Ако барем еднаш одговорите со “да” на овие прашања, тогаш припаѓате во клубот на емоционални потрошувачи.А тоа е прилично “скапа” навика. Како може да ја неутрализирате? Почнете да анализирате во која емоционална состојба можете најлесно да потрошите непотребно пари и кога се обудуваат да ви го променат расположението. Почекајте 24 часа пред да направите импулсивно купување. Запрашајте се дали навистина имате потреба да ги вложите парите за што подоцна ќе зажалите за донесената одлука. Дејстувајте спрема поставената цел на финансиското опоравување.

 #7 Цел, Цел…. постави си Цел!

Поставувете си конкретна цел за посигнување на финансиска независност, самодоверба и мир. Дејстсвувајте спрема таа цел. Тоа ќе ви помогне да бидете фокусирани и да превземете идеални решенија. Така ќе ви биде полесно да сфатите  кога постои можност да излезете од вистинскиот пат. Без јасна финансиска слика, работите можат да станат навистина лоши и тогаш веќе ќе ви биде тешко да ги промените.

Кога би се избориле со финансиските проблеми, животот може да си го направите многу полесен. Но, би било добро да си повторувате дека секој проблем има свое решение, особено кога проблемот е финансиски. Вие можете да ги согледате проблемите кои ве довеле до стресни ситуации, во која се наоѓате во моментот. Ако ги земете во предвид тие погрешни одлуки и постапки од минатото, може да ги согледате недостатоците и да го изберете вистионскиот пат како повторно да станете финансиски независен.

Од: | 27-12-2016 | Категорија: Брз кредит

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat