Буџет за двојки

Буџет за двојки

Буџетот на една двојка би требало да го запази истиот рецепт како и личниот буџет - внимателно следете ги расходите и приходите и не трошете повеќе, отколку што заработувате, намалете ги или "елиминирајте" ги непотребните расходи, определете ги финансиските цели и направете план како да ги постигнете, вклучително и како да ги зголемите заштедите. Но, семејниот буџет треба да има и дополнителен елемент – договорот помеѓу партнерите.

Филозофијата на трошење или штедење може радикално да се разликува кај двајцата партнери. Како ќе  постапувате, ако единството од вас е "штурец", ориентирано кон трошење, а другиот е мравка", која штеди? Во крајна линија, преку одстапки може да се постигне компромис и разбирање. Препорачливо е секој од двата партнери да има свој мини-буџет. Освен тоа, треба да имате семеен буџет, во кој би требало да влезе поголем дел од приходите  на двајцата партнери, кој би бил наменет за покривање на основните семејни расходи (поддршка на живеалиште, храна, раати за кредитни картички, одмор и сл.). Притоа, никој нема да биде оштетен, тој сепак ќе има свој сопствен буџет за трошење, како и за заедничките расходи.

Освен тоа, буџетот на двојките често вклучува дополнителни задолжувања, кои се поврзани со заедничкиот живот - на пример, хипотекарните кредити, расходите поврзани со обуката на децата, осигурување и др. Многу е важно внимателно да се следат расходите, за да не се дојде до поголемо трошење од приходите.

Што да превземеме, доколку   расходите се поголеми од приходите?

• Идентификувајте ја причината за дефицитот во буџетот. Дали е еднократна или постојана?

Ако се должи на временски пад на приходите или вонреден пораст на расходите (не исплатени  бонуси, болнички услуги, и др.), кризата веројатно ќе помине без сериозни финансиски потешкотии. Но, ако постои ризик намалувањето на приходите да се здобие со постојан карактер, потребно е да се промени пристапот кон начинот на трошење.

• Потрудете се да ги намалите трошоците

Кои расходи можат да се отстранат или намалат?

На пример, едно семејство од двајца пушачи месечно троши за цигари просечно 9000 денари. Откажувањето на оваа вредна навика сигурно ќе ви го подобри  и "финансиското" здравје. "Луксузните" предмети или предметите за "престиж" може да ги елиминирате. Замислете се дали навистина ви треба нај-новиот модел на smartphone.

• Може ли да се реализираат дополнителни извори на приходи?

Многу луѓе тука брзаат да одговорат со "не". Знаеме дека  во момент е тешко да се најдат  дополнителни извори  на приходи (доказ е големата невработеност), и особено работа на половина работно време. Некои професии полесно ја преминуваат оваа пречка. Еден лекар може да се справи со некоја приватна поликлиника, самостојниот сметководител може да работи за други фирми, еден хигиеничарка може да исчисти уште едно живеалиште повеќе, и т.н.

 

Од: | 01-05-2019 | Категорија: Забава

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat