Дали брзите кредити се легални?

Дали брзите кредити се легални?

Брзото кредитирање е доста контроверзно и постојано се асоцира со криминални активности. Ова е доста разбирливо бидејќи станува збор за прилично нов начин на кредитирање во Република Македонија, кое успешно функционира во светот и им помага на многумина

Ние целосно ја охрабруваме претпазливоста кога станува збор за било какво ракување со пари. Дури и ние бевме скептични на почетокот за бизнис моделот на брзото кредитирање. Но, дали навистина има причина за недоверба?

Запрашај се... Колку навистина е различно брзото кредитирање од другите видови на кредитирања? Како се разликуваат финансиските друштва од банките

Краткиот одговор е дека нема разлика. Долгиот одговор е дека има мали варијации во техничките карактеристики и би те замолиле да ги посетиш линковите за многу подетално објаснување. 

Скоро сите банки нудат финансиски производи кои имаат скриени трошоци за кои се дознава кога веќе е доцна. Затоа, ние работиме комплетно транспарентно и сите трошоци се јасно дефинирани, колку и да се неприфатливи на прв поглед.

Но, без разлика на високите камати поврзани со брзите кредити, тие се целосно легални и ние строго ги следиме сите закони пропишани од надлежните институции.

Финансиското друштво М Кеш работи врз база на решението “12 - 27558/4” донесено од Министерството за Финансии, а општо за функционирањето на финансиските друштва, можеш да прочиташ во “Законот за Финансиските Друштва”.

Исто така, личните податоци се обработуваат во согласност со “Законот за Заштита на Личните Податоци” и можеш да не најдеш во “Именикот на Офицери за Заштита на Личните Податоци”.

Со тек на време, оваа форма на кредитирање ќе биде целосно прифатена и добредојдена, а во меѓувреме, те покануваме да дознаеш 5 начини како брзите кредити можат да ти помогнат.

Од: | 08-08-2016 | Категорија: Брз кредит

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat