Дали знаете како на едноставен начин да ги претворите вашите желби во реалност

Дали знаете како на едноставен начин да ги претворите вашите желби во реалност

За повеќето луѓе, почетокот на новата година доаѓа со решенија за позитивни промени во животот. Си задаваме цели дека ќе се откажеме од штетните навики, ќе почнеме да управуваме совесно со нашите пари, ке заработувамеповеќе и така натаму. Меѓутоа, од поставување на цели  до нивна  реализација, патот е долг и често се откажувамe. Студиите покажуваат дека 88% од човештвото не ги исполнуваат нивните лични цели, и веројатно ова е точно за повеќето луѓе во светот. Прашањето е дали постои начин да се избегне неуспехот.

Следете ги  нашите 6 чекори кои можат да Ви помогнат своите цели да ги остварите до крај:

 1. Изберете една главна цел!

Професор Шив од Универзитетот Стенфорд тврди дека поставувањето на повеќе цели го  "преоптоварува" нашиот мозок и на крајот го попречува постигнувањето дури и на една цел. Размислете како се чувствувате кога треба да направите 10 работи во исто време ... Затоа, се препорачува да размислите која цел е за вас најважна и да се фокусирате на тоа.

2. Бидете конкретни!

Јасно поставените  параметри ги претвораат желбите во цел. Поставете го фокусот јасно "Да започнам да штедам" конкретизирајте го во "Јас ќе заштедам 1000 евра за Фондот за итни случаи.

3. Планирајте на краток рок!

Чекор по чекор - навика! На крајот, многу од нашите желби имаат за цел позитивна промена во нашето однесување. Затоа, важно е да се изгради позитивна навика - дали да управуваме со нашите пари подобро, да живееме со здрави навики, и така натаму. И конструкцијата мора да биде постепена, само така промената ќе биде одржлива. Исцртајте го патот кон својата цел со мали чекори за да го избегнете стресот од промени. Само помислете како ќе реагирате ако се стремите за кратко време да го намалите вишокот килограми или да заштедите голема сума пари. Многу веројатно е дека стресот во таков случај ќе ви создаде блокада за понатамошно дејствување.

4. Визуелизирајте ја својата цел!

Се вели дека ако ја "видиш" твојата цел, тоа ќе ти помогне да ја постигнеш. Дури и ако не верувате, ништо не ве спречува да се обидете. Опишете ја својата цел,во детали, во писмена форма и повремено потсетувајте се.

5. Побарај  поддршка!

Се  вели  дека кога ја делиме нашата цел со најблиските што нè поддржуваат, шансите за успех значително се зголемуваат. Тие ќе се радуваат на нашиот напредок и ќе нѐпоттикнат да не се откажеме во тешките моменти.

6. Наградете се за вложените напори!

Вие не треба да бидете сурови кон себе и не дозволувајте ни малку отстапување од планот, бидејќи ако ви е тешко и сте  "мрачни", може само да се откажете. Наградете се за напредокот. На пример, дозволете си малку недозволена храна после долг период на диета, или пак дозволете си малку повеќе да трошите пари после долг период  на ограничување. Во секој случај, имате поддршка од М Кеш за било каква финансиска помош! 

Од: | 19-02-2020 | Категорија: Забава

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat