Како да го планираме нашиот буџет за време на празниците, за да не излезе надвор од колосек?

Како да го планираме нашиот буџет за време на празниците, за да не излезе надвор од колосек?

Божиќ, Нова Година и сите прекрасни празници се приближуваат, а луѓето се подготвуваат за големиот шопинг. Во периодот од почетокот на декември до средината на јануари, сите подароци,забави и активности,може да придонесат за значително празнење на вашиот паричник. Но, само затоа што доаѓаат празниците, не значи дека треба да дозволите вашиот буџет да излезе од колосек. Уште во декември, седнете и одвојте време за да направите план.

Еве неколку совети како да го планирате вашиот буџет и да ги избегнувате финансиските замки, пречекорувања и импулсивни набавки. Со овој проактивен план, можете да бидете сигурни дека ќе ги потрошите парите мудро и ќе го искористите најдоброто од вашиот шопинг за празниците.

Сите вообичаено го оставаме купувањето на подароци во последен момент -на прагот на Новата година и во пресрет на Божиќ. Бидете паметни и започнете со планирање и купување на подароци на време за да заштедите пари и да го избегнете стресот.

Прво, треба да знаете точно со колку пари располагате. Не знаеме дали правите редовен буџет за месецот, но седнете и видете со колку пари располагате пред да започнете да купувате подароци. Планирајте го својот месечен буџет за да видите колку пари ќе ви останат. Испланирајте колку сакате за потрошите во целост и колку ќе потрошите за секој подарок одделно. Оставете и сума за мали подароци за во последен момент во случај да добиете изненадувачка покана за забава или да ве поканат на гости.

Крајната цел? Да не посегнете по својата заштеда или да останете без пари за сметките.

Второ, направете листа. Запишете ги сите луѓе - деца и возрасни кои сакате да ги израдувате за празниците и размислете за соодветните подароци за секој од нив. Исто така можете да го планирате и времето кога би сакале на некого да купите подарок и да го израдувате. Така можете да купите некои подароци порано, а пак други за Божиќ кога почнуваат уште поголеми попусти.

Трето, планирајте го вашиот шопинг однапред. Иако се чини рано, не е лошо да се купат некои подароци уште сега. Некои цени растат за време на празниците. Значи, за да се избегне зголемувањето на цените, најдобро е да започнете со собирање подароци порано. Најмалку еден месец пред празниците, одете низ продавниците и разгледувајте добро за да ги најдете најдобрите понуди. Искористете ги предностите на сите попусти. Ако немате време да пазарувате, проверете ги работите што сте ги виделе онлајн. Благодарение на интернетот, можете да започнете со купување сега, без да морате да одите во трговскиот центар. Со претходно купување, можете да го избегнете стресот и напнатоста во последен момент, што ќе ве одведат кон неразумни и импулсивни набавки.

Искористете ги предностите на кредитни промоции. Постојат кредитни компании како M Cash кои нудат специјални промоции токму оваа сезона. Искористете ја погодната понуда на М Кеш, подигнете го својот прв кредит до 12.000 денари со рок на отплата од 30 ден и вратете точно онолку колку што сте подигнале. Каматата на вашиот кредит ќе биде 0%. Промоцијата важи до 31 декември 2017 година.

И последно, неколку совети за подароци:

  • Личноста на која ќе и подариш нешто,не би можела да знае што би купиле доколку имате повеќе пари и време. Не се чувствувајте виновни и не се извинувајте – едноставно дадете го подарокот.
  • Купете на луѓето што тие би сакале, а не она што вие сакате

Чувајте ги вашите белешки, особено за некои скапи работи, ако треба да ги вратите.

  • Не ги трошете сите свои пари за скапи подароци. Најдобрите подароци се направени од срцето.
  • Не заборавајте да посетите некој божиќен базар и да купите нешто за добротворни цели. Значи, можете да му помогнете на некој со тоа што ќе најдете интересни и оригинални подароци.
  • Ваучерите за подароци можеби не изгледаат многу привлечно, но тие секогаш се одличен избор за лице кое не знаете точно што им се допаѓа.
  • Можете дури и да направите свој Божиќни подароци за да ги импресионирате вашите пријатели и семејството.

И не заборавајте да ги скриете подароците добро!

Празниците се време за да се соберете со семејството и пријателите, но тие исто така може да бидат најскапото време во годината. Доколку го подготвите вашиот буџет до сега, ќе можете да избегнете финансиски главоболки во иднина. Започни со планирање сега, така што ќе можете да ги поминете празниците мирно и весело. Искористете ги предностите на нашиот совет и сите можности за разумно купување за да ги задоволите оние што ги сакате.
 

Од: | 18-12-2017 | Категорија: Забава

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat