Како да се претставиме одлично на новата работа

Како да се претставиме одлично на новата работа

Секој човек кој се наоѓа во работоспособна возраст е свесен во каков богат коктел од емоции поминува кога ќе започне со нова работа. Обврската да одиш на безброј интервјуа со цел да ја најдеш соодветната работа на која сакаш да се развиваш како професионалец, сама по себе не е лесна, покрај тоа како дополнителен напор претставува моментот да оставиш добар впечаток на интервју и очекувањата дали ќе ти се јават воопшто.

Вистинскиот стрес, сепак, започнува кога ќе започнеш на новото работно место. Иако ни е познато дека секој нов почеток, без разлика дали се работи за работно место или не, е тешко само по себе, бидејки ние сме подготвени на стресни состојби и двојно повеќе исцрпување од самата помисла како побрзо да се докажеме како вредни работници. Тогаш, која е формулата за успех? За што треба да си свесен и какво правило треба да се следи за да се претставиш одлично на новото работно место?

Во почетокот чувствуваме тензија кога почнуваме во нова фирма или на нова работна позиција, кое всушност потекнува од потрагата што побрзо да се докажеме како професионалци. Знаеме дека од нас се очекуваат многу работи и знаеме дека треба што побрзо да влеземе во ритам и да почнеме да градиме авторитет во очите на колегите и работодавачот. Она што никој не го забележува е склоноста често да ги гледаме работите полоши од што реално се. Зошто да не пристапиш тактички кон ситуацијата? Ајде да погледнеме реално на работите. Да осмислиме што ќе се случи во првите три месеци на новото работно место, да си поставиме конкретни цели и да го следиме планот. Изградба на рутина и акционен план кога започнуваш во нова фирма, ќе ти помогне да го исфрлиш од грб дополнителниот стрес и тензии што произлегуваат од желбата да ја импресионираш околината и да се претставиш себеси одлично на новата работна позиција со самото влегување во канцеларија.

Планирај си го времето! Согледај каде се наоѓаш во моментот, каде треба да бидеш после 30дена, после 60дена и после 90дена. Тоа ќе ти овозможи мирно и свесно да се развиваш во фирмата, како и истовремено да го следиш својот личен напредок. На крајот од 90-тиот ден ќе сфатиш колку успешно си ја вршиш работата и како се прилагодуваш кон работниот процес. Твојот 3 месечен план ќе те доведе до моментот во кој ќе се чувствуваш удобно на своето ново работно место и сигурен во своите вештини како професионалец.

План од 1ви до 30ти ден

Најчеста грешка кај нововработените е обидот уште од прв ден да се покажат одлично на новото работно место,  поради што и често пропуштаат да одвојат време и да разберат што всушност фирмата се обидува да постигне и какви статешки цели има пред себе.  Разјаснувањето на ова прашање ќе ти помогне да размислиш која е твојата конкретна улога во постигнувањето на овие цели. Тогаш е моментот да си дадеш одговор на следните прашања:

  • Какви се целите на фирмата и какви планови има за нивната реализација?
  • Какви очекувања има твојот шеф за тебе?
  • Кои се клиентите на фирмата, а кои се нејзини конкуренти?
  • Каква е корпоративната култура?

План од 31ви до 60ти ден

Вториот месец е време во кое почнуваш малку по малку да ги откриваш твоите лични професионални квалитети. Имај во предвид дека сеуште се прилагодуваш кон процесите на фирмата и кон средината како целина. Но, кога еднаш ќе ги процениш овие работи, веќе е време да покажеш и ти на што си способен и како можеш да допринесеш кон целината. Еве неколку совети како да пристапиш:

  • Почни да покажуваш што знаеш да работиш;
  • Давај предлози како можеш да придонесеш добро врз растот на компанијата преку личен аспект на квалитети и пристап;
  • Сега е време да почнеш да дискутираш со колегите подетално за одредени случаи каде ќе ги покажеш своите идеи и компетенции;
  • Биди искрен со своите колеги и изгради ефективна комуникација со нив. Може си еден од нововработените, но тоа не значи дека треба да сеплашиш  од реалните дискусии со нив;
  • Покажи дека си способен да превземеш задача која е надвор од твоите секојдневни активности, се разбира, врз очекувањата кои шефот ги има од тебе.

План од 61ви до 90ти ден

Во периодот до 90-отден на новата работна позиција, веќе треба да имаш стабилна претстава која е твојата улога во фирмата. Во третиот месец ти веќе:

  • Го познаваш работодавецот доволно добро и можеш да и дозволиш да бидеш поактивен, доколку е потребно;
  • Се чувствуваш удобно сам да покажеш иницијатива;
  • Во состојба си да ги анализираш случувањата и сам да понудиш можни решенија;
  • Имаш претстава какви се твоите идни можности за развој и надоградување и како може да се вклучат повеќе.

За крај те оставаме со твојот 90 дневенплан. Тоа е твојот непишан пат како да го намалиш стресот од премногу големи барања кои ги имаш кон себе како за прв ден на новото работно место и како да ја надминеш несигурноста како нововработен. Откако реално ќе погледнеш на случувањата и разбереш дека никој од тебе не очекува да блеснеш професионално на 100% уште на самиот почеток, а се држиш до план, тогаш тебе ти претстои одлична работа.

Од: | 13-02-2017 | Категорија: Забава

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat