Како да се збогатите во 14 чекори

Како да се збогатите во 14 чекори

Повеќето луѓе сакаат околностите во нивните животи да се променат магично околу нив и да се збогатат без напор и време. Тие немаат желба да станат подобри за да го подобрат сопствениот живот и финансиската состојба.

За разлика од луѓето што чекаат среќа, може да се обидете да се збогатате со стекнување вештини и способности за да го одредите сопствениот успех.

Вашата работа може да реши итни проблеми, да ги подобри животите на луѓето и да бидeте забележани од важни личности. Квалитетот на она што сте и работата што ја работите е целосно под ваша контрола. Но, не можете само да сакате да се случи. Треба да станете личност која природно го привлекува успехот.

За таа цел, освен да прочитате десетици книги, да најдете вистинските советници и да побарате мотивација, нашето решение е и да имате добар кредитен помошник, со кој може да изградите добра кредитна историја. Со M-cash, создавате добар кредитен профил, а кредитниот лимит можете да го вложите во некои од чекорите потребни за вашата брилијантна финансиска иднина ...

Ова се советите кои ќе ви помогнат да ја земете судбината во вашите раце:

1. Инвестирајте најмалку 10% од вашиот приход во себе
Повеќето луѓе сакаат работи што се бесплатни. Но, ако добиете нешто бесплатно, ретко се наградувате за ова.Ретко ги сваќате сериозно.
Колку инвестирате во себе?
Ако не инвестирате во себе, ќе ви биде тешко да развиете нови вештини и да стекнете нови знаења. Ако не сте инвестирале во вашиот бизнис, веројатно нема да можете по квалитетно да ја вршите вашата работа.
Ако не инвестирате во односите, веројатно сте повеќе фокусирани на она што сакате да добиете, а не на она што треба да дадете.
Кога станува збор за самоподобрување, инвестирањето на 10% од вашиот приход во себе ќе донесе 100% или повеќе поврат на таа инвестиција.
Ако сакате да направите нешто исклучително добро, треба да бидете опкружени со вистинските ментори. Сè што некогаш ќе постигнете ќе биде резултат на квалитетно менторство.

2. Инвестирајте најмалку 80% од вашето слободно време на обука.
Доколку постојано ја пребарувате мрежата во слободното време, како очекувате да создадете додадена вредност за себе и да се посветите?
Најуспешните луѓе во светот интензивно учат. Тие се читатели во слободното време, а не оние кои гледаат забавни видеа на социјалните мрежи. Тие знаат дека она што го знаат одредува колку добро светот изгледа. Тие знаат дека она што го знаат го одредува квалитетот на односите што можат да ги имаат и квалитетот на работата што можат да ја имаат. Со други зборови, образованието е клучот за успехот во било која област, па затоа ве советуваме да ги инвестирате вашето време и пари во корисни читања и курсеви за нови вештини.

3. Не работете за пари, работи за знаење
Според Роберт Кијосаки, кога сте млади мора да работите да не заработите пари, туку да стекнете знаење. Затоа, потенцирајте ги приоритетите и фокусирајте се на важни работи.

4. Не учете за претприемништво, учете како да создадете поголема вредност
Информации и знаење се две различни работи. Не заборавајте да го практикувате она што го учите од вашите книги и тутори.

5. Инвестирајте најмалку 10% од вашиот приход во нешто што генерира пари
Додека некои луѓе прават пари, само за да ги трошат веднаш и да ги задоволат моменталните потреби,други издвојуваат дел од приходите и го инвестираат. Не мислиме само на сегашноста, на пример, размислете за иднината и за вашата финансиска состојба по 5 години. Изберете соодветен проект за да ги вложие парите, да го анализирате ризикот и да преземете акција за да обезбедите дополнителни финансии.

6. Освен да земате , треба и да давате
Некои луѓе размислуваат само за она што можат да го добијат од животот. Всушност, многу поголемо задоволство е да се дава, а не само да се зема. Тоа го подобрува животот на другите, но исто така и вашиот сопствен живот.

7. Учете од другите луѓе
Сите сме зависни до одреден степен од луѓето околу нас, но ова не е само слабост, туку и сила. Наместо да ги копирате активностите на луѓето, погледнете ги нивните грешки и успешните тактики за да ги искористите во сопствената пракса.

8. Изберете соработка со партнерите, а не конкуренција
Во текот на вашата работа, ќе разберете дека соработката се базира на успешна соработка, а не на конкуренција меѓу партнерите, со цел да се издвоите пред другите.

9. Поставете ги вашите долгорочни цели
Борете се за вашите соништа гледајќи ја крајната цел, а не неуспесите. Гледајќи во долгорочната цел, ќе имате мотивација да продолжите, дури и по неуспесите.

10. Запознајте се со придобивките на маркетингот
Добрите реклами и комерцијални вештини се важни за секој бизнис, но не само за бизнис.

11. Не се фокусирајте на време и напор, фокусирајте се на резултатите
Тука повторно важи правилото за крајната цел и фокусот врз соништата , а не врз средствата.

12. Барајте мотивација насекаде
Понекогаш менувањето на работната атмосфера е добар мотиватор за да добиете поефективни резултати привршење на работата.

13. Дефинирајте што за вас значи зборот "успех"

14. Имајте јасна позиција и принципи

Од: | 01-06-2018 | Категорија: Забава

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat