Како да управуваш со своите финансии со помош  на висинскиот буџет? /дел 1/

Како да управуваш со своите финансии со помош на висинскиот буџет? /дел 1/

За да знаеш добро да управуваш со паричните средства, препорачливо е да се водиш од еден правилно подготвен буџет. Без разлика колку дебитни и кредитни картички поседуваш или каков кредит имаш земено, ако ги поделиш однапред предвидените трошоци и приходи во текот на една година во т.н. буџет, тогаш веројатноста да ги организираш добро финансиите и да ја користиш кредитна картичка мудро, е навистина голема.

Ќе ти предложиме неколку основни совети кои ќе ти помогнат да создадеш буџет и се разбира – да се држиш до него. На овој начин ќе можеш мирно да купуваш поволни производи и истовремено со тоа да заштедиш пари, благодарение на ниските цени од кои имаш корист во моментот.

Прво, за да создадеш сопствен буџет, треба да сфатиш во што се крие реалната природа на овој тип буџет. Така ќе можеш да ја избереш најточната метода за тебе, да ја создадеш и да се придржуваш до точките во него.

Линчиот буџет претставува план за сите твои идни приходи и расходи за даден период. Овој период може да биде недела, месец, па дури и година. Ние препорачуваме да си направиш месечен буџет бидејќи полесно е да предвидиш кои ти се точните приходи за даден месец и од каде ќе дојдат тие.

Освен приходите, буџетот содржи и други трошоци  за кои е добро да направиш поделба кои вклучуваат задолжителни и можни трошоци. На пример, сметките за струја, вода, телефон, интернет, детска градинка и други слични задолжителни и неизбежни трошоци за кои имаш определен рок до кога да се исплатат. Доколку имаш кредит можеш да направиш посебна графа и за тоа. Во овој случај, трошокот за кредит најчесто се исплаќа на месечно ниво и е предвидлив трошок. Но, има непланирани трошоци за кои нема начин да ги предвидиш и за тоа ќе направиш посебна графа со што ќе имаш претстава колку можеш да си дозволиш да потрошиш.

За да го поделиш видот на буџетот, постојат неколку опции:

  • Со лист и пенкало– ова е наједноставен начин за внесување на планираните трошоци и приходи;
  • Табела во Excel – исто така може да ги организирате сите ваши информации, но во електронска форма. На овој начин ќе можеш да располагаш со буџетот и преку различни smartуреди.
  • Посебна апликација за составување на буџетот– без разлика дали користиш smartphone, стандарден комјутер/лап топ или таблет, превземете бесплатна апликација на која има развиено финансиски буџет. Постојат различни опции, кои притоа се апсолутно бесплатни и тие се специјализирани за лесно развивање на буџетот.
  • Финансиски апликации– ако ги имаш потребните вештини и искуство со финансиски програми, тогаш лесно можеш да најдеш бесплатни финансиски апликации.

Во следната статија ќе продолжиме со совети за изготвување на ефикасен и корисен буџет, кој ќе ти ја намали главоболката и ќе ти помогне за постигнување на финансиските цели.

Од: | 14-03-2017 | Категорија: Забава

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat