Како да започнете бизнис без речиси никакви средства?

Како да започнете бизнис без речиси никакви средства?

Возбудени сте и сакате да започнете нов бизнис? Можеби имате конкретен план, или едноставно сте фасцинирани од идејата да започнете и развиете своја фирма?

Ако сте подготвени да превземете одредени ризици како напуштање на тековната работа или останување без големи лични приходи на одреден перод, тогаш можеби навистина треба да започнете нешто ново што ќе го трансформира вашиот живот. Секогаш има пречки, а некои луѓе гледаат пречки во секоја околност.

Кои се логичните пречки што може да ве спречат? Секогаш една иста причина : немате доволно пари. На прв поглед ова изгледа како главен проблем, но недостатокот на личен капитал не смее да биде пречка за да ги остварите вашите соништа. Всушност можете да развиете бизнис со речиси никаква лична финансиска инвестиција - ако знаете точно што правите.

Зошто за да се започне со бизнис се потребни пари?

Прво, да разгледаме зошто бизнисот има потреба од пари. Нема еднаква "стартна" инвестиција за почнување на бизнис, така што различни дејности имаат различни потреби. Важно е прво да искалкулирате колку средства ви се потребни, пред да започнете да барате алтернативни методи за финансирање на фирмата.

Размислете за следниве идеи што треба да ги имате на ум:

Лиценци и дозволи. Во зависност од бизнисот може да ви треба посебна документација и работна книга.

Испораки. Купување на суровини? Дали ви се потребни компјутери и / или други уреди и колку?

Опрема. Дали ви се потребни специјализирани машини или софтвер?

Канцелариски простор. Тоа е огромен трошок и не може да го игнорирате,трошоци за комунални услуги, угостителски услуги и дали да ви вршат услуги надворешни изведувачи за менаџмент и сметководство.

Асоцијации, претплати, членство. Кои објави и врски ќе регистрирате секој месец?

Оперативни трошоци - листата е многу долга и вклучува голем број на единици, не заборавајќи го маркетингот.

Правни надоместоци. Дали се консултирате со адвокат за деловниот процес? - најверојатно и препорачано - да.

Хонорарни преведувачи и изведувачи. Многу често ќе треба да прибегнете до услугите на вработени хонорарни и надворешните за компанијата поединци кои вршат должности кои самите не умеете.

Може да се каже дека постојат два основни начини за започнување на бизнис со малку пари: намалување на трошоците или зголемување на расположливиот капитал од надворешни извори.

Еве три опции тука:

1. Намалување на потребите на вашиот бизнис
Вашата прва опција е да го промените вашиот бизнис модел за да имате помалку потреби. На пример, ако планирате да започнете компанија како консултант или специјалист би можел да ги намалат трошоците за "вработени",со што вие би биле единствениот вработен на почеток. Освен ако не ви треба канцелариски простор, можете да работите од дома.
Постојат неколку трошоци кои нема да можете да ги избегнувате. Давачките за лиценца и судските такси ќе бидат задолжителни, колку и да ги намалите преостанатите трошоци.

2. Зголемување на расположливиот капитал од надворешни извори
Наместо да се префрлите на "целосен бизнис режим" може само да почнете со основното.Обезбедете приходи за одреден временски период и дури тогаш насочете се кон големото инвестирање во бизнисот.

3. Екстернализација
Третата опција е да добивате средства од надворешни извори. Бидејќи аутсорсингот може да се изрази во различни форми, тука се и некои од нив:

Пријатели и семејство. Не ја исклучувајте можноста да добиете помош од пријателите и семејството, па дури и ако треба да разделите капиталот на неколку извори.

Бизнис ангели како инвеститори. Тоа се богати луѓе кои ги поддржуваат деловните идеи заедно со совршен бизнис план. Тие обично инвестираат во замена за делумна сопственост на компанијата, која вреди да биде потпомогната финансиски.

Ризик капиталистите. Претпријатијата за ризичен капитал се како бизнис ангелите, но обично се партнерства или организации и имаат тенденција да помогнат во развојот на претпријатија кои не се во толкава мера успешни.

Групно финансирање. Тоа е популарно поради една причина: со добра идеја и доволно работа, можете да привлечете финансирање за сè.

Државни субвенции и заеми. Администрацијата за мал бизнис (и голем број државни и локални владини агенции) постојат само за да помогнат на малите бизниси да растат. Многу од нив нудат заеми и грантови за да помогнат во започнување бизнис.

Банкарски заеми. Секогаш можете да аплицирате за кредит ако имате добра кредитна историја.

Со М Кеш пример можете да аплицирате за износ до 70 000 денари, за да го започнете вашиот бизнис. А на нашата facebook страница, можете да најдете и многу интересни идеи за бизнис,кои бараат минимум почетни средства.
 

Од: | 24-10-2022 | Категорија: Забава

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat