Како може купувањето online да биде побезбедно /Дел 2/?

Како може купувањето online да биде побезбедно /Дел 2/?

Продолжуваме да ви ги преставиме најпримарните правила за безбедно online купување. Придружувањето до правилата ќе ти олесни максимално и ти гарантира не само со добивање на посакуваните производи или услуги, туку и заштита на личните податоци.

Еве неколку корисни препораки од нас:

  • Запознај ги условите за купување и тргување

Секогаш проверувај ги условите за купување на веб сајтот и опцијата за враќање на купените производи. Пред да поминеме на плаќање, мораш да водиш сметка не само дали страницата е сигурна, но и да нема сокриени додатни трошоци кои не се споменуваат во цената. Исто така, никогаш не заборавај да го видиш трошокот на испорака на производот.

Истражувњето на конкретниот трговец од кој ќе купуваш и исто така важен услов – прочитај го мислењето од други корисници и дали биле задоволни од услугите и производот во секој поглед.

Следниот чекор во запознавање на условите на избраната online продавница е да провериш дали има заклучено катанче на страницата која се отвара за плаќање.

  • Избегнувај ги зделките кои изгледаат премногу добри за да бидат вистинити

Колку и да не ти се верува, многу често премногу добрите попусти се всушност лажни. Вистина е дека секој веб сајт кој нуди премногу добри зделки со сомнително ниска цена, треба да се проверат внимателно пред да почнеш со купување. Во првиот дел од статијата те запознавме со показателите кои треба да се проверат пред купување - ако зделките изгледаат премногу добри, не двоуми се да бидеш малку скептичен, со цел да си ја загарантираш безбедноста.

  • Следи ги промоциите и попустите

Секако, доколку си љубител на online купување, не го заборавај пратењето на сезонското снижување и промоциите на твоите омилени веб сајтови.

  • Немој да го пополнуваш сајтот со непотребни лични податоци

Дејствувај мудро, а не емоционално и не подлегнувај на провокации од страна на неколку онлајн продавници. Запамти дека тие немаат потреба од премногу лични информации, со исклучок на податоците кои се потребни за плаќање. Значи, во случај да забележиш, доста прашања кои немаат директна врска со твоето купување, препорачливо е да прекинете со нарачката од тој сајт и да побарате други привлечни понуди од други сигурни трговци. Овде е моментот и да те потсетиме дека продавниците од познати и популарни сајтови се сигурни и ти гарантираат заштита на лични податоци.

Немојте да ги занемарувате овие едноставни правила и секогаш сметајте на М Кеш кога ќе посакате да ги искористете ниските цени и попусти.

Од: | 08-06-2017 | Категорија: Брз кредит

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat