Како се релаксираат успешните луѓе

Како се релаксираат успешните луѓе

Повеќето луѓе имаа впечаток дека успешните никогаш не се одмараат и секогаш се со "ногата на педалата за гас". Ова, се разбира, не е вистина.

Менувањето на брзините е нопходен услов за да бидете продуктивни. Бидејќи според едно истражување на Универзитетот Стенфорд, во работна недела од 50 часа може да се заврши истата работа како и при работна недела од 70 часа. Тоа зависи само од начинот на кој успевате да се ослободите од напнатоста.

Успешните луѓе можат да ја балансираат оптеретеноста која ја имаат за време на неделата само ако се опуштат во текот на викендот и ги одвлечат мислите од динамиката на секојдневието преку недела.

Затоа ќе ви дадеме неколку кратки совети како да се опуштите за време на викендот по формулата на најуспешните, за да бидете активни и продуктивни за време на работната недела.

Советите се од списанието Forbes и покажуваат каква програма следат успешните и богатите, за да бидат секогаш во форма и да имаат големи достугнувања.

1. Секогаш стануваат рано и во исто време

Извршниот директор на Apple Тим Кук се буди секое утро во 3:45. Ова, се разбира е премногу екстремно. Но фактот дека е викенд не значи дека треба да го поминете целиот ден во кревет. За секој успешен човек времето е важен ресурс и тој го цени без разлика дали е сабота или недела.

2. Излегување со семејството ,мали изненадувања и поминат викенд со семејството

Успешните луѓе отсуствуваат од дома повеќе од вообичаеното. И така семејството останува повредено, поради високиот обем на работа. Времето поминато со најблиските е обратно пропорционално на времето во канцеларија или на пат, и тие почнуваат да го чувствуваат многу нивното отсуство и недостаток. Затоа малите различни нешта кои го освежуваат секојдневниот живот се многу важни. Добри идеи се пример концерт, изложба, театар или кратка екскурзија во природа.

3. Читаат многу

Книгите се извори на мудрост. Успешните луѓе го разбираат ова и често сакаат да се затрупаат во светот на книги, списанија или новинарски изданија. Успешните читаат многу, сакаат секогаш да се во чекор со најновото и актуелното. Читањето го намалува стресот и ја зголемува културата на човекот.

4. Редовно спортување

Докажано е дека спортот не го зајакнува само здравјето, туку и психата на човекот. Секој вид активност помага на мозокот да се ослободи от напнатоста која се акумулира во текот на неделата. Еве неколку основни позитивни ефекти благодарение на спортот:

  • Го подобрува расположението;
  • Се зголемува концентрацијата;
  • Го намалува стресот и помага при борба со депресијата;
  • Го подобрува сонот;
  • Помага за одржување на добра и здрава тежина;
  • Ја покренува самодовербата;
  • Се поврзува со лидерските вештини во човекот;

5. Не ја посетуваат канцеларијата за време на викенди, не водат електронска комуникација вон работното време

Тука нема што повеќе да додадеме. Овие луѓе знаат колку е драгоцено здравјето и здравиот разум, не дозволуваат да се претвораат во робови на своите работни обврски.

6. Остварување на личните страсти

Тоа е ексклузивен пристап да се отвори умот за нови начини за размислување и да се избега од стресот. Успешните луѓе се свесни за тоа. Активностите како читање, цртање, танцување или било каква друга страст ,може да ти покаже нов и поинаков начин на размислување и перцепција. Тоа е един прекрасен начин за репрограмирање на уморниот мозок и да ја започнете новата недела со нови идеи. А и ќе бидете изненадени колку е возбудливо да правите нешто што ве задоволува.

7.Си ја дозволуваат спонтаноста барем на два дена

Стриктниот режим за време на работната недела, која започнува рано наутро и завршува во зависност од тоа кога веќе телото и умот ќе бидат навистина исцрпени. Во обидите да се биде секогаш истраен, точен и адекватен за сите свои задолженија, успешните луѓе треба да поведат грижа за себе за време на слободните денови и да си дозволат да бидат свои. Затоа многу често тие не ги планираат слободните денови, како што прават со работните. Едноставно се препуштаат на спонтаноста и прават тоа што им се допаѓа во моментот.

Од: | 29-06-2017 | Категорија: Забава

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat