Правилото 50/20/30 или како да се научиме да штедиме

Правилото 50/20/30 или како да се научиме да штедиме

Да си признаеме! Ова е едно од прашањата кои често не ни дава мир. Учиме, потоа почнуваме да работиме со идејата дека конечно ќе дојде и денот кога ќе имаме сопствени заштедени пари, како што се вели "за црни денови". Но кога навистина ќе почнеме да работиме се соочуваме со реалноста. Во практиката нашата желба не е толку лесно изводлива.

Независно колкава плата земаме, небаре, се потешко станува штедењето на одреден износ од платата. Секако и ти би се согласил дека колку повеќе заработуваш, толку повеќе трошиш и воопшто нема да згрешиш со тоа мислење.

Во светот, сепак, постојат и такви примери на луѓе кои успеваат да започнат да штедат уште на самиот почеток.

Сепак прашањето  е како на полесен начин да позајмиш пари или како да дојдеш до средства на друг начин, но тоа само по себе не ти гарантира дека ќе си во можност долго да располагаш со тие средства на кои се потпираш.

И покрај изобилството од искушенија кои не демнат на интернет, телевизија и билборд реклами, штедењето е можно. Тоа е прашање на дисциплина и осознавањето дека не секоја работа со која сакаме да се здобиеме, ни е потребна. Прочитај што претставува правилото на заштеда 50/20/30 и види дали нема да извлечеш нешто корисно за себе.

Според правилото 50/20/30 од тебе се очекува месечната плата да ја разделиш на три главни дела:

1. 50%  од средствата треба да бидат наменети за основните трошоци како што се кирија, струја, вода, храна за месецот, автомобил, транспорт и други слични трошоци;

2. 30% од средствата треба да бидат наменети за сите оние работи кои си решил да ги купиш, но кои не се вклучени во погорната категорија. Тука спаѓаат исто така трошоците за излегувања, кино, театар, барови и слично;

3. 20% / минимум /  од средствата треба да бидат наменети за да се  заштедат.

Да земеме еден пример. Да претпоставиме дека заработуваш 30 000 денари плата, се разбира, го земаме нето износот на месечната плата. Како да го примениш правилото 50/20/30?

- За сите основни трошоци како оние за домаќинството, автомобил, кирија, струја, вода, итн треба да одделиш 15 000 денари од платата, значи со нив треба да ги покриеш основните потреби;

- За забава и  купување  – 9000 денари ;

- Заштедата за месецот треба да ти биде – 6000 денари.

Ова правило генерално звучи добро, но во практика од тебе ќе се бара, барем во почетокот на неговата примена , една голема доза на  дисциплина.

Но не треба, сепак, да бидеме буквалисти. Ова правило исто така може да даде добри резултати, во  случај кога 20% од средствата ќе ти бидат наменети за заштеда, 15% од средствата ќе ти бидат наменети за  други трошоци / купувања и забава /, а останатите 65% - за основните трошоци . Оваа изменета формула на правилото 50/20/30 може да биде дури и по ефективна, бидејќи мирно ќе можеш да ги посетуваш местата во кои сакаш да одиш се забавуваш, како и работите кои сакаш да си ги купиш , да го искористиш намалението во некоја онлајн продавница, а во исто време ќе имаш и доволно средства со кои би го поминал месецот,  и ќе ти останат средства ако ти излезе нешто непредвидено и скапо како итна посета кај стоматолог, на пример.

Што ќе кажеш за правилото за заштеда 50/20/30? Имаш ли свој начин на штедење? Сподели со нас подолу во коментарите. Може да произлезат големи идеи.

Од: | 20-01-2017 | Категорија: Брз кредит

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat