Што може да ти го подобри кредитниот рејтинг?

Што може да ти го подобри кредитниот рејтинг?

Знаеме дека одличниот кредитен рејтинг може да го направи нашиот живот полесен и пријатен. Ако имаш добар кредитен рејтинг, тоа е затоа што имаш добра кредитна историја и не си бил во задоцнување при плаќање на кредитните рати кон институциите. Се разбира, за постигнување на добрата кредитна историја, прво мора да користиш кредитни производи како банкарски, така и на небанкарски институции. Во пракса, пазарот нуди огромна разновидност на кредитни картички, пречекорување, кредити и хипотеки.

Некои се полеснi за добивање, други - не толку. Но и во двата случаи, ти треба беспрекорно плаќање на доспеаните долгови и коректно управување со средствата, за што пак е добро да си однапред надлежен. Така, малку по малку, еднаш кога ќе се стекнеш со добар кредитен рејтинг, ќе може да искористиш од најдобрите зделки на банките, да добиваш пониска каматна стапка и да имаш повисок кредитен лимит. Истовремено ќе имаш можност да аплицираш за поголем заем за купување на автомобил или имот.

Како точно да стекнеш висок кредитен рејтинг?

Како што веќе напоменавме , потребна ти е историја,која се гради при навремено плаќање на доспеаните долгови. Ако мислиш дека можеш да пропуштиш една рата, тогаш тоа може да резултира со трајни последици врз твојот кредитен рејтинг, кој ќе бидат евидентирани во твојата кредитна историја во наредните 5 години. А еднаш ти се случило да не ги платиш навремено доспеаните долгови,институциите сметаат дека и во иднина може да ти се случи такво нешто и од таа причина во иднина многу тешко ќе ти биде одобрен било каков заем.

Витината е дека за да имате добар кредитен рејтинг не е доволно само плаќањата да ги извршувате навремено. Така нареченото искористување на кредитниот лимит, резултира со фактор кој влијае на реверзибилноста на кредитот, а оттаму и на доброто оценување, дадено од кредиторот.

Според американското истражување, корисниците со многу добар кредитен рејтинг имаат 12% искористено од средствата. Или со други зборови, користете само 12% од целиот кредитен лимит. Според севкупното истражување, колку по ниска е употребливоста на средствата по одобрување на лимитот, толку е повисок кредитниот рејтинг.

Друг тренд од истражувањето е тоа дека лицата со лош кредитен рејтинг имаат значително повисока искористеност, близу над 60% од целиот лимит.

Во практиката, кај американските потрошувачи со лош рејтинг како и тие со добар трошат слична паричан сума од одобрените средства но разликата е во тоа што кај едните лимитот е поголем.Другиот дел од кредитобарателите всушност не трошат поголема сума но врз основа на малиот кредитен лимит се добива впечаток дека трошат повеќе.

На пример,ако имаме два кредитобаратели еден со добар и еден со лош кредитен рејтинг.И двајцата имат расходи во висина од 200 лв.Вистината е дека кредитобарателот со лош рејтинг има лимит од 500 лв. И тоа ја користи цела сума. А пак оној со добар кредитен рејтинг располага со лимит од 2000 лв. и всушност тој ќе искористи мал дел од лимитот.

Каков е заклучокот? Искористеноста на средствата е многу силен индикатор, поради еден главен критериум: психологијата. Докажано е дека искористеноста е знак на самоконтрола - во тоа се изразува психолошкиот фактор. Луѓето со добар рејтинг, поседуваат висок лимит на кредитни средства, но имаат самодисциплина да не ги трошат сите средства. Корисниците кои имаат склоност да ги користат максимално парите од лимитот, всушност не умеат да ја контролираат навиката да потрошат пари, затоа кредиторите нема да им доделат висок кредитен лимит.

Како заклучок, можеме да те советуваме да не сте колебливи да користите кредит од М Кеш, мудро за разновидни купувања. Не заборавај дека, сепак, треба строга рамнотежа преку персонална сметка, за да знаеш колкав дел имаш обврска да исплатиш и да ги почитуваш роковите за отплата. Имајте на ум дека така се формира добрата кредитна историја, која е потребна за одличниот кредитен рејтинг.

Од: | 17-08-2017 | Категорија: Брз кредит

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat