Тајните на соседот-милионер

Тајните на соседот-милионер

 Зборот “Милионер“ обично асоцира на безгрижен живот, бродови, кавијар и дијаманти. Често читаме за овој тип на личности кои се супер богати. Но, голем дел од богатите луѓе се однесуваат комплетно поинаку. Токму затоа и остануваат богати.

 

Во книгата “Соседот-милионер: Тајни кои изненадуваат за Американските милионери“ авторот Т. Стенли и В. Данко ги изнесуваат анализите за богатите особи во Америка. Од книгата може да видиме дека постојат така наречени “Скромни“ милионери. Тајната на овие “скромни“ милионери е во нивниот животен стил. Авторите издвојуваат 6 фактори кои придонесуваат до значителниот финансиски успех на овие особи. 

 

1. Живејќи поскромно од она што може да си го дозволат.

Следејќи го принципот на “троши помалку од она што заработуваш“ е едноставен, но исто така и моќно оружје кое овозможува зголемена заштеда која ја инвестираат.

2. Повеќето милионери посветуваат време и енергија во купување на имовина и сл.

После долги анализи и прашалници на Американските милионери, тие го имаат акумулирано нивниот статус во подолг период, без галама и паника, често со одење на работа од 9-17часот. Но, тие имаат посветено особено време во истражување на различни инвестициии и внимателно имаат испланирано како да секој заштеден долар работи во нивен интерес. Но најважно е дека тие имаат трпение и следат долго рочна стратегија.

3. Тие веруваат дека финансиската независност е поважна одошто покажување на социален статус.

Наместо трошење пари на нешта, кои би ги издвоиле и би ја покажале нивната финансиска состојба, тие ги инвестираат за да го зголемат своето богатсво. Овој тип на милионер плаќа во готовина за нивните бенефиции и не купува работи на кредит.

4. Повеќето се прва генерација милионери

Авторот Т. Стенли вели дека спрема неговото истражување 80-86% Американски милионери се прва генерација. Тие се немаат поддпрено на финансиска подршка од нивните родители, него тие имаат изградено корисни финанскиски навики и вештини.

5. Нивните деца се финанскиски независни

Се испоставува дека децата на повеќето скромни милионери, не очекуваат дека нивните богати родители ќе им помагаат засекогаш. Тие стануваат финансиски независни поради нивното воспитување, и наметнати навики.

6. Осеќаат дека нивното место е во професионален план.

Повеќето Американски милионери имаат обични професии. Друг дел од нив се претприемачи. Она што е точно за едните и другите, е дека тие ги познаваат своите слаби и јаки страни, од тамо и лесно градат кариера базирано на нивната јака страна. И бидејќи го сакаат она што го работат, ним не им е потребен посебен стимул за да создадат поубав живот.

 

Доколку работиш нешто што не те инспирира, највероватно ќе бараш други начини за да бидеш среќен, вклучувајќи и трошење на пари,“ кажува финансискиот експерт Лесли Тихан, многу богати особи ги идентификуваат и следат своите страсти. Во таквите случаеви нивната работа не им преставува проблем, едноставно затоа што сакаат што работат.

 

Од: | 18-03-2019 | Категорија: Забава

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat