Зошто банките не успеваат да им помогнат на своите корисници?

Зошто банките не успеваат да им помогнат на своите корисници?

Едно од најчестите прашања, кое толку многу клиенти на банките си го поставуваат е "Како банкарските услуги да ми бидат корисни?".

Во пракса, секој корисник очекува од банкарските службеници да му бидат максимално корисни во секој аспект. Ова вклучува помош при донесување на разумни финансиски одлуки и водење на соодветен избор кога станува збор за буџетот на самиот кредитобарател.

Според американско истражување од 2017 година, што се прави на годишна основа, сепак, банкарските институции не се справуваат брилијантно во исполнувањето токму на оваа функција.

Извештајот е фокусиран врз однесувањето на потрошувачите во однос на банкарски услуги и се вбројуваат иновативни технологии кои ги развиваат банките. Според предметниот извештај сепак, 80% од испитаниците, би сакале банкарската институција да умее да им помага повеќе при избор меѓу финансиски алтернативи. Ова вклучува и обезбедување на повеќе корисни информации на самиот клиент.

Според експертите, корисниците очекуваат повеќе од само еден универзален пристап кон банкарството. А од друга страна, банките имаат доволно информации за да понудат високо персонифицирана тактика за управување на финансиите, на секој клиент.

Според истото истражување, 50% од корисниците би сакале секоја банка да ги менува и ажурира информациите и понудите, прилагодувајќи кон поттребите на кредитобарателот, а не да се наметнува потребата корисникот сам да бара и анализира производи и услуги.

Само 11% од клиентите пак сметаат дека добиваат доволно информации од банката што уникатно зборува дека банкарските институции треба да инвестираат и се фокусираат во клиентска услуга и постигнување на задоволството на крајниот корисник. Наместо тоа, сепак, многу банки го поставуваат фокусот на развој на кредитни производи кои не гo исполнуваат профилот на просечниот корисник.

Зошто е тоа така и што е решението?

За да се задоволат барањата на масовниот корисник, банкарските институции треба да ги преиспитаат својата процеси, каналите за ангажирање и начините на кои ги проектираат своите услуги. Всушност, постојат три ефикасни начини кои резултираат со добивање на клиентско внимание и последователна лојалност:

1. Банките треба да истражатт кои се можностите за секој тип кориснички навики - за таа цел, институциите треба да користат аналитички алатки за да се справат со недостатоците во процесите и комуникација, како и да одговорат на очекувањата кон нив. Иновативните технологии како биометрика, паметни дигитални асистенти и дигитални информативни табли за самопослужување, се дел од потрошувачките искуства кои ќе заштедат ресурси и истовремено со тоа ќе го обезбедат потребното задоволство.
2. Спречување на проблемите - со сегашните hi-tech алатки, банките мора да ги решаваат новите проблеми, уште пред да се претворат во пречки.
3. Подобрување на брзината на процесите - природно, брзината на решавање на проблемите во банките е секогаш на преден план, бидејќи токму тоа се покажува како многу често и фактор за незадоволство кај клиентите.

Автоматизација на работните процеси е трансформирачка технологија која се користи од страна на финансиските компании во последните години. Токму оваа популарна технологија обезбедува напредни оперативни процеси и анализи, во споредба со останатите методи за автоматизација. Комплексен менаџмент, редукција на грешки и подобрување на квалитетот се главните карактеристики на предметната автоматизација.

Додека овие практики би биле ефикасни за постигнување на поголемо задоволството на клиентите, банките треба да комбинираат напредни технологии кои резултираат со прилагодувањето на услугите кон масовниот корисник. За да можат да се претворат не само во иновативни компании, но и во оние кои имаат лојални и задоволни клиенти. На овој начин, ќе ја стекнат потребната доверба што е од голема важност за проширување на секој пазар.

Повторно ќе се спомене дека масовниот корисник кој нема толку совршен кредитен профил, веќе се претвора во главен таргет за светските банки. Во овој поглед, М Кеш, нудејќи производ како М Фикс, освојувајќи ја лојалноста и довербата на клиентите, токму поради одличната клиентска услуга,нудејќи транспарентни и коректни информации, корисни податоци и поволни услови, М Кеш дава можност која повеќето финансиски институции не успеваат да ја понудат на македонските корисници. Затоа расте и задоволството на клиентите, земи кредит од М Кеш.
 

Од: | 11-09-2017 | Категорија: Брз кредит

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat