Финансиски речник

Паричен износ кој се дава или плаќа однапред, пред извршување на одредена работа и претставува дел од деловните односи кои ќе произлезат во иднина.
Периодично плаќање (месечно, тримесечно, шестмесечно, годишно), со кое што се исплаќа добиениот заем и соодветната камата за него. Износот на ратата е ист за целиот период на заемот.
Секој писмен документ за лицето (жирант), кој содржи без условна ангажираност за плаќање на кредитот на трето лице (должник во корист на финансиската институција). Гаранцијата го обврзува жирантот да го изплаќа секој износ од долгот што должникот не го платил, или нема можност да го плаќа под условите и во роковите во кои треба да го исплати износот. Жирантот ја превзема обврската на трето лице - агент, да ја плати однапред утврдената сума во корист на банката во случај ако другата страна по договорот не ја исполни или одбие да изврши некоја обврска кон финансиската институција.
Позајмен износ.
Најчесто се користи како термин за услуга која банките ја нудат на своите клиенти во форма на вршење трансакции од нивната лична сметка преку интернет.
Додавање на соодветните камати кон главнината на кредитот што се врши на крајот на одделните каматни периоди. Тогаш додадената камата се пресметнува заедно со главнината во следниот период и капитализацијата на каматата доведува до т.н. ефективна камата.
Процес на намалување на куповната моќ на парите, на основа на постепено зголемување на општото ниво на цените на мало.
Сумата или износот кој што должникот го плаќа на кредиторот за користење на неговите парични средства.
Пари во готово (монети и банкноти), за разлика од банкарските чекови, тековни сметки и депозити.
Секое физичко или правно лице, граѓанско друштво или друго здружение на такви лица кое што нема посебен статус на правно лице; државата или нејзините органи, кои се манифестираат како самостојни носители на обврски кон банката и во однос на кои банката има изложеност.
Лице кое нема задоцнети плаќања кон финансиското друштво или М Кеш, како и необслужувани или реконструирани кредити кон него. Побарувањата за нов кредит од него се сметаат за побарувања без ризик.
Обезбедување на ресурси (како на пример давање на позајмливи средства на клиент на банка или друга кредитна институција) од една страна во друга страна, втората страна не го враќа долгот на првата страна веднаш. Првата страна се нарекува "кредитор", а втората се нарекува "должник". Обично должникот должи на кредиторот камата што се должи за периодот на кредитот, плус обновување на цела главница.
Ризикот од загуба поради неплаќање на долгот на должникот на кредитот или кредитната линија (или друг вид долг) и кој и да е дел од него – главницата или каматата.
Вид платежно средство за купување на стоки, услуги и др. За разлика од дебитната картичка сумата за купување со кредитна картичка не се зема од банкарската сметка на картата, а од распределен кредитен лимит од банката или кредитната компанија.
Состојба која што ја покажува способноста на клиентот да го врати кредитот кој што го земал според условите на склучениот договор.
Трговска дејност преку која трговските субјекти се обраќаат до некоја специјализирана институција да земат под закуп-лизинг инвестициона опрема за определен рок и за определен надомест.
Ограничување, граница.
МКБ е приватно кредитно биро во Република Македонија. Неговата основна функција е да врши целосно или делумно, собирање и обработување на податоците за обврските на субјектите и/или други податоци определени со Закон за кредитно биро, со цел да обезбеди извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските од страна на субјектот на податоците. Во Македонското кредитно Биро се доставуваат податоци за лица кои се однесуваат на настанати обврски по основа на кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основа на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги Чуден областа на енерегетиката, комунални давачки, такси, придонес, како и обврски по основа на користење на други услуги.
Неговото најосновно значење во финансиите е разликата во цената по која е купено нешто и цената по која е продадено. Во банкарството тоа е разликата помеѓу просечната каматна стапка на средството (цената на средството) и просечната каматна стапка на пасивни (цената на обврски). Присуството на позитивна маргина е предуслов за реализација на профит за банката при состојба ако не е оптоварена со прекумерно „лоши кредити".
Камати кои што се должат и се неплатени и капитализирани поради невозможност на должникот да ги плати каматите од тековните приходи по својата дејност. Износите од неплатените и натрупани камати не претставуваат приход на финансиската институција, поради што се преведуваат и пресметуваат по посебна пасивна сметка, наменета за нивно сметководствено покривање надвор од сметката за добивки и загуби од моменталната дејност.
Кредити, за кои што важи еден од следниве услови:1) должникот не е во состојба да плаќа по кредитот; 2) должникот е во процес на ликвидација, во стечај, без работа и постои ризик кредиторите да останат незадоволни;3) по кредитот, вклучувајќи и по други кредити се имаат насоберено (натрупано) заостанати суми повеќе од 90 дена.
Чистиот приход кој останува по исплатата на даноците кои што се должат кон државниот буџет.
Кредити на банките и финансиските институции, по кои има многу задоцнувања на исплаќањето на главнината или каматата.
Вредноста на хартиите од вредност, акции, обврзници итн.
Количеството пари што се наоѓа во обем.
Средство за плаќање, издадено од банкарска или друга финансиска институција, кое содржи електронски податоци за лица и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење финансиски трансакции.
Кредит обезбеден со залог на стоки, материјали и други вредности кои должникот нема право да ги продава до издолжувањето т.е. до исплаќањето на кредитот и каматата по него.
Зделка по која кредитодавателот привлекува на кредитниот пазар средства, со цел да се покрие зголемената изложеност како резултат на неплатени долгови од камати или плаќања по кредити.
Ризикот на нето приход за финансиската институција по оданочувањето, кој обично се однесува на акционерите.
Одредени износи кои се плаќаат од клиенти за користените услуги.
Официјално утврден систем од норми за оданочување, плаќање на такси, провизии, трошоци, каматни стапки, собирани по предложените од нив услуги.
Пренос на парични средства на доверителот од сметката на должникот или на сметката на доверителот.
Правно лице, обединува две или повеќе лица кои извршуваат трговска соработка (дејност) со заеднички средства.
Договорен фиксен каматен процент меѓу финансиската институција и клиентот кој не се менува при промена на основниот каматен процент или други услови, односно процент што не се менува за времето на користење на кредитот.
Обезбедување на парични средства за употреба или инвестиции за различен временски период и под различна форма.
Е небанкарска финансиска институција која врши финансиски активности од Закон за финансиските друштва - 1) одобрување кредити; 2) издавање и администрирање на кредитни картички; 3) факторинг и 4) издавање на гаранции

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat