Изјава

Изјавувам дека сум запознаен со Општите услови за давање на кредит и Политиката за приватност на сајтот. Доброволно ги давам наведените податоци со цел добивање кредит.

Администраторот на лични податоци е ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје со регистрирано седиште (и адреса за доставување) на Орце Николов 68 - 1 кат, 1000 Скопје, Македонија со ЕМБС 6992960.
Согласен/согласна сум да се врши обработка на моите личните податоци содржани во документацијата за кредитот и финансиските податоци за кредитот за целите на маркетинг на М Кеш по истекување на договорот за кредит.
Податоците на Корисник на кредитот се обработуваат за целите на извршување на Договорот за кредит, вклучувајќи и проценка на кредитната способност и ризиците, маркетинг на производите и услугите на администраторот на податоците, во врска со наплата на долгови, истражување на пазарот и за целите на книговодство и архивирање. Примателот на податоците е Македонско кредитно биро АД Скопје. Забелешка: Во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 7/2005,, изменет) имате право на преиспитување и корекција на содржината на Вашите лични податоци. Давањето на податоци е на доброволна основа.
Корисникот на кредитот потврдува дека е дал/а лични податоци на „Лицето за контакт/Партнер“, односно: име и презиме; единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ); телефон; моментална адреса; професија; позиција и телефон на работа за Корисникот на кредитот и за неговиот застапник, по прием на изречна согласност нивните лични податоци да се чуваат и обработуваат од страна на М Кеш за целите на почетно испитување на кредитната способност на Корисникот на кредитот што претходи за донесување на заклучок за можно давање на кредит, со цел да се дојде до понатамошно склучување на договор, прашања поврзани со спроведување на договорот и добивање на износот на кредитот според таков договор. Корисникот на кредитот изјавува дека прописно ги информирал лицето за контакт и застапникот дека нивните лични податоци ќе бидат користени само за овие цели и нема да бидат објавени на други и дека „Лицето за контакт/Партнерот“ и застапникот доброволно ги дале своите податоци и се информирани дека во секое време ќе имаат пристап до податоците и можат да ги корегираат.
Согласен/согласна сум да добивам комерцијални информации за производите кои ги нуди М Кеш преку електронски средства за комуникација, вклучително, но не ограничено на е-маил и ЅМЅ, како и користење на автоматски говорни системи.
Согласен/согласна сум да ми биде создаден автоматски пристап до личниот кориснички профил, за чие активирање ќе добијам интернет линк на електорнската пошта, преку која сум го направил своето барање за М Кеш, со цел активација на корисничкиот профил.
Изјавувам дека посочената погоре информација е точна и целосна, бидејќи е основа за евентуално склучување на договор за паричен заем, изјавувам дека сум запознаен со кривичната постапка за измама, во случај ако оваа информација се покаже дека е неточна и нецелосна. Се согласувам да се провери дали сум сопственик на доставената од мене трансакциска сметка преку проверка во КИБС.
Запознаен/a сум дека:
1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност.
2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот.
3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност преземена од Корисникот на податоците кон мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци..
4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплата на обврската или затворање на сметката.
5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat