Featured job
ТОКМУ ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ
Работи како Кредитен Консултант
За да станете Кредитен Консултант, потребно е да бидете комуникативни и амбициозни. Нема ограничувања за пол, возраст, образование и работно искуство 18+
Аплицирај
Job image

КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ ВО РАДОВИШ

  • Град Радовиш
  • Краен рок 03.04.2024
  • Референца #КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ ВО РАДОВИШ

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во  Бугарија, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна средина.

Во интерес на  проширување на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозен, исполнителен и одговорен вработен на позиција:

 

КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ ВО РАДОВИШ

 

Доколку:

• Сакате да работите во финансиска институција со сигурен приход и можност за обука и развој;

• Имате искуство или сакате да стекнете искуство во областа на продажбата;

• Барате сериозна и одговорна компанија која ќе ви понуди атрактивна работна атмосфера;

• Сакате да контактирате со нови луѓе и да воспоставите долгорочни односи со различни типови на клиенти.

 

Ова е твојата нова можност! Бидете дел од нашиот тим!

 

Од вас очекуваме:

• Остварување на продажби во однос на индивидуалните и тимските месечни цели;

• Развој и одржување на база на клиенти на локацијата;

• Подготовка за периодично известување;

• Стручна и љубезна услуга на купувачи;

• Добри компјутерски вештини;

• Аналитичко размислување и вештини за приоретизирање на задачите;

• Вештини за тимска работа.

 

Ние нудиме:

• Компетитивна фиксна плата и бонуси за работа;

• Приватно здравствено осигурување за сите вработени,

•Редовни внатрешни и надворешни обуки,

•Пријателска работна атмосфера,

•Динамична и одговорна работа во Компанија со постојан раст,

•Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација,

•Тим билдинг и други активности кои допринесуваат за сплотувањена тимот и засилување на тимскиот дух,

•Учество во општествено одговорни активности

 

Ако сметате дека одговарате на нашите барања, а ние на Вашите очекувања, Ве молиме доставете ја Вашата детална биографија со актуелна слика на нашата електронска адреса careers@mcash.mk.

Ние гарантираме доверливост на сите апликации за работа и ќе ги исконтактираме само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.

 

Job image

ТРГОВСКИ ДИРЕКТОР

  • Град Сите градови
  • Краен рок 10.04.2024
  • Референца #Трговски директор

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија е дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија,Украина, Романија,Полска, Македонија и уште многу други земји ширум светот.

Ние сме млад тим а сепак искусни професионалци. Сакаме да работиме напорно и да бидеме најдобри. Ако си подготвен да ни се придружиш на нашето патување, ќе ни биде задоволство да ни се приклучиш во тимот!

Како резултат на брзата експанзија и потребата  од добра организација и успешно водење на нашите Продавници за Пари, ФД М Кеш  Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Трговски директор.

Идеалниот кандидат треба да биде лидер, да има искуство во менаџирање на вработени, резултатно ориентиран, со големо искуство во продажби, добро организирана и самоиницијативна личност , која може да понуди  брзи решенија за новонастанати ситуации.

 

Работни задачи и одговорности:

·        Одговорен за успешно спроведување на проектите на Друштвото поврзани со управувањето со финансиските продукти

·        Позицијата е теренска, контролата и работењето се заснова на директна работа со вработените на терен, идентификување на потребите на клиентите и вработените

·        Активно патување на територијата на Македонија согласно график за позицијата.

·        Одговорен во управувањето и контролата на дејноста и наплатата во подружниците

·        Одговорен во координација на активностите за постигнување на целите на Друштвото во однос на: продажба, наплата, приходи и расходи во рамките на буџетот во подружниците, во областите што му се доверени.

·        Одговорен за следење на дневно и неделно ниво за активноста за исполнување на поставените цели во однос на продажбата, наплатата и останати параметри што е од значење за компанијата

·        Врши анализа и евалуација на дејноста на подружниците, со цел оптимизирање на работата и зголемување на нивната ефикасност.

·        Го следи и поддржува развојот на продажната политика на Компанијата со цел да се зголеми ефикасноста.

·        Имплементира нови процеси кои ќе го подобрат работењето на Трговската структура

·        Ги почитува предвидените рокови за неговата работа на проекти и задачи и ги вложува потребните напори за нивно спроведување на високо професионално ниво, во согласност со функцијата што ја извршува.

·        Развива и предлага   оперативни планови за дејствување во кризни ситуации.

·        Следи и посочува индикации за ризично кредитирање и злоупотреба во подружниците

·        Го следи, сигнализира и контролира кредитирањето кое го нарушува дозволениот кредитен ризик во подружниците

·        Го контролира развојот на мрежата на подружници, како и отворањето на нови; спроведува истражување на пазарот и територијата; контролира, предлага и координира маркетинг активности; ја следи конкуренцијата и нуди решенија за проширување на нивниот пазар.

·        Рекламирање: директно го контролира доброто рекламирање во подружниците и препознатливоста на брендот во зоните за кои е одговорен. Врши активни промоции за развој на рекламирањето. Го контролира учеството на подружницте на локални настани во градовите.

·        Предлага идеи и помага во имплементација на иновации, нови продукти, кампањи за клиентите

·        Работи во директен контакт со сите оддели во компанијата, а во случај на потреба им помага при извршување на задачи поврзани со процесите на компанијата или одлуки кои се поврзани со нејзините активности и се во нејзиното портфолио.

·        Ги почитува и контролира барањата за однесување во согласност со етичките правила и прописи на компанијата.

 

Квалификации:

·        Задолжително високо образование

·        Минимум 3 години искуство во областа

·        Задолжително искуство во раководење на тим од минимум десет луѓе

·        Одлично познавање на англиски јазик;

·        Oдлично познавање на MS Office;

·        Поседување возачка дозвола Б - категорија.

 

Потребни вештини:

·         Ориентираност во достигнување на планови, цели и резултати,

·        Трговски компетенции

·         Одлични интерперсонални вештини (одговорност за вработените, контрола на тимот и претставување на компанијата)

·         Силни аналитички способности

·         Комуникативност, прецизност, лојалност, иноватиност, тимска работа ,добра организираност

·         Можност за извршување на задачи во куси рокови и справување со работа под притисок

·         Способност за планирање на своите работни обврски како и ефективно планирање и насочување на работните задачи на тимот

·         Самоиницијативност

·         Способност за индивидуална и тимска работа;

·         Комуникациски и организациски вештини;

 

Ние нудиме:

·         Компетитивна плата

·        Дополнителни бонуси согласно остварување на резулатите и целите

·         Пријателска работна атмосфера

·         Работа во брзо растечка компанија која нуди индивидуален раст и развој на своите вработени

·         Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци, кои веруваат во интегритет,   тимска работа и отворена комуникација

·         Приватно здравствено осигурување за сите вработени

·         Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа

·         Можност за дополнителни бонуси, согласно правилата на компанијата

·        Трговска конференција и други активности кои допринесуваат за сплотување на тимот и засилување на тимскиот дух

·        Учество во општествено одговорни активности

Job image

ПОМЛАД СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРПОРАТИВНА БЕЗБЕДНОСТ ЗА РЕОН ИСТОК

  • Град Сите градови
  • Краен рок 05.04.2024
  • Референца #Помлад специјалист за Корпоративна Безбедност за реон Исток #1

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од групацијата Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во Бугарија, Романија, и Македонија.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите и преку директната услуга во Продавниците за пари и оддржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од:

 

Помлад специјалист за Корпоративна Безбедност за реон Исток

 

Работни задачи и одговорности:

  • Одржување на стабилноста и угледот на организацијата на секое ниво;
  • Заштита на сопственоста на компанијата преку 24 часовна комуникациска достапност при немили настани  и други безбедносни проблеми;
  • Утврдување и пријавување на неправилности преку ревизија на работните формални и неформални процеси на компанијата;
  • Тековни проверки согласно работен план на регионалните канцеларии;
  • Проверки на исправноста на документите во друштвото, како и за усогласеноста со правилата за работа со документи во согласност со внатрешните правила на компанијата и законските норми;
  • Теренска работа и комуникација со надворешни лица, проверки на веродостојност на лични податоци;
  • Подготвување извештаи како и водење  на евиденција за состојбата и работењето на подружниците;
  • Вонредни дополнителни проверки и контроли;
  • Учество во дополнителни работни процеси надвор од делокругот на основната дејност на работната позиција за потребите на компанијата;

 

Потребни квалификации:

  • Место на живеење во околината на градовите Кочани и Штип, ќе се смета за предност;
  • Задолжително поседување на важечка возачка дозвола Б категорија;
  • Завршено образование во областа, ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство во областа, ќе се смета за предност;
  • Способност за запазување на детали и рокови;
  • Доверба, одговорност и дисциплина во работењето;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа;

 

Што нудиме:

  • Компетитивна плата.
  • Можност за дополнителни бонуси по проценка на Работодавецот, надвор од она што е наведено во Договорот за вработување, за извршени задачи со висок степен на ефективност во полза на Друштвото.
  • Дополнителен надоместок за амортизација за употреба на сопствено возило или доделување на службено возило за потребите за извршување на работните задачи.
  • Приватно здравствено осигурување.
  • Редовни внатрешни и надворешни можности за обука.
  • Динамична и одговорна работа во компанија со постојан раст.
  • Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација.
  • Учество во општествено одговорни активности.

 

Испратете го вашето CV и мотивационо писмо на careers@mcash.mk

Job image

ПРАВНИК

  • Град Сите градови
  • Краен рок 05.04.2024
  • Референца #Правник

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити, кое е дел од Management Financial Group (MFG), групација која обезбедува финансиски услуги во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Македонија и уште многу други земји ширум светот.

Ние сме млад тим од искусни професионалци, сакаме да работиме напорно и да бидеме најдобри. Ако си подготвен да ни се придружиш на нашето патување, ќе ни биде задоволство да ни се приклучиш во тимот !

Како резултат на брзата експанзија и потребата од добра организација ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Правник.

Идеалниот кандидат треба да биде лидер, да има искуство во менаџирање на вработени, резултатно ориентиран, добро организирана и самоиницијативна личност која може да понуди брзи решенија за новонастанати ситуации.

 

Работни задачи и одговорности:

· Сеопфатни правни услуги;

· Правни совети;

· Изработка на дописи, акти и сите видови извештаи потребни за пред надлежни институции;

· Застапување и заштита на интересите на работодавецот пред државни органи;

· Изготвување на правила, процедури и политики за работење;

· Консултантски услуги за секој вид на договори;

· Обезбедување на законска услогласеност со дејноста на друштвото;

· Истражување и проценка на различни фактори на ризик во врска со деловни одлуки и активности;

· Применување ефективни техники за управување со ризик и проактивни совети за можни правни проблеми;

· Комуникација и преговарање со надворешните страни, регулатори, надворешни соработници, државни органи и клиенти;

· Редовно следење и навремено информирање за измените во применливите прописи;

· Учество во нови проекти;

· Давање на совети, правни мислења и предлози во врска со нови продукти, процеси и проекти;

· Целосно спроведување на постапки пред надлежни институции за промени на управител, основна главнина, отворање на нови ПП, регистрација/пререгистрација на работно време;

· Носење на одлуки поврзани со секојдневното работење;

· Имплементирање на измените од соодветните закони;

· Подготовка или ревидирање на политиките и процедурите за да се осигура усогласеност;

· Асистирање на останатите оддели, како што е потребно;

· Навремено известување за ризик согласно важечките закони и прописи;

· Спроведување на интерни оценки, проверки и тестирања на потенцијалните ризици од работењето;

· Давање на насоки за усогласеност на работењето;

· Следење на ризиците и преземање на мерки за намалување на истиот;

· Навремено идентификување на новите ризици кои произлегуваат од новите прописи во врска со финансии, лични податоци, перење пари.

 

Квалификации:

· Задолжително високо образование;

· Минимум 3 години работно искуство во дејноста. Искуство во работењето со небанкарски финансиски институции ќе се смета за предност;

· Одлично познавање на англиски јазик;

· Oдлично познавање на MS Office;

· Поседување на возачка дозвола Б – категорија.

 

Потребни вештини:

· Одлични интерперсонални вештини (одговорност за вработените, контрола на тимот и претставување на друштвото);

· Комуникативност, прецизност, лојалност, иноватиност, тимска работа, добра организираност;

· Можност за извршување на задачи во куси рокови и справување со работа под притисок;

· Способност за планирање на своите работни обврски како и ефективно планирање и насочување на работните задачи на тимот;

· Самоиницијативност;

· Способност за индивидуална и тимска работа;

· Комуникациски и организациски вештини.

 

Ние нудиме:

· Компетитивна плата;

· Пријателска работна атмосфера;

· Работа во брзо растечко друштво нуди индивидуален раст и развој на своите вработени;

· Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација;

· Приватно здравствено осигурување;

· Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување;

· Учество во општествено одговорни активности.

Job image

МЕНАЏЕР ЗА РАЗВОЈ НА ПРОДАЖБА ВО РЕОНОТ НА КОЧАНИ И ВИНИЦА

  • Град Сите градови
  • Краен рок 30.03.2024
  • Референца #Менаџер за развој на продажба во реонот на Кочани и Виница

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија е дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија,Украина, Романија,Полска,Чешка и Македонија.

ФД М Кеш како лидер на пазарот нуди брзи кредити преку онлајн каналот, директно преку Продавниците за пари и преку третиот канал - мрежа на Мобилни кредитни консултанти (МКК).

Со цел да ги задоволиме потребите на населението преку обезбедување на удобна услуга на место и време кое му одговара на секој клиент и ширење на постоечката мрежа на мобилни кредитни консултанти  М Кеш има потреба од Менаџер за развој на продажба во реонот на Кочани и Виница

 

 

Опис на работни задачи:

- креирање на свој тим  преку ширење на мрежа на мобилни кредитни консултанти

- интервјуирање, селекција и ангажирање на мобилни кредитни консултанти

- теоретска обука на мобилни кредитни консултанти ( запознавање со продуктите кои ги нудиме и условите )

- практична обука на мобилни кредитини консултанти ( продажба на продукти на терен )

- Ширење на база на нови клиенти преку МКК

- Координација и менаџирање на продажниот тим на компанијата

- Одговорен за постигнување на продажните планови и таргети

- Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите и трошоците за продажба

 

Потребни квалификации:

·        Самоиницијативност

·        Добра организираност

·        Пожелно искуство на иста или слична позиција

·        Валидна возачка дозвола, Б категорија;

·        Одлични и организаторски и комуникациски способности

·        Високо ниво на интегритет и доверливост

·        Лидерски и аналитички вештини;

·        Флексибилност, проактивност и лојалност;

·        Способност за индивидуална и тимска работа.

·        Посветеност и одговорност кон задачите и работата

·        Можност за извршување на задачи во куси рокови и справување со работа под притисок

·        Познавање на Microsoft Office

·        Место на живеење во Кочани, со познавање и на реонот на Виница

 

Ние нудиме:

• Компетитивна фиксна плата и бонуси за работа;

• Приватно здравствено осигурување за сите вработени,

•Редовни внатрешни и надворешни обуки,

•Пријателска работна атмосфера,

•Динамична и одговорна работа во Компанија со постојан раст,

•Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација,

•Тим билдинг и други активности кои допринесуваат за сплотувањена тимот и засилување на тимскиот дух,

•Учество во општествено одговорни активности

 

Испратете го вашето CV или мотивационо писмо на careers@mcash.mk