Правила за користење

Услови за користење

Овој веб сајт е сопственост на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје и е создаден со цел генерално информирање. Пристапот до овој сајт е потполно бесплатен.

Пристапувајќи на овој сајт и до материјалите и информациите кои се содржани во него, Вие се согласувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте согласни со Условите за користење. Во спотивно, потребно е веднаш да ја прекинете сесијата.

Како корисник на овој веб сајт, Вие се согласувате да ги почитувате сите важечки закони во врска со пристапот и користењето на овој сајт. Користејќи го овој веб сајт, Вие ни ја давате Вашата согласност да ја користиме дадената од Вас информација и лични податоци во согласност со нашата Изјава за приватност/Политика на приватности Информации за колачиња (cookies).

Авторскиправа

Објавените на овој сајт информативни материјали, фотографии и други слики, како и графичката обработка се предмет на авторски права според Законот за авторското право и сродните права /ЗАПСП/. Истите можат слободно да се употребуваат само во случаите и за целите предвидени во законот, под услов да не го попречуваат нормалното функционирање на сајтот и не ги повредуваатзаконските интереси на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје.

М Кеш и логото на М Кещ, кои се објавени на овој вебсајт, се трговски марки или регистрирани трговски марки. Освен во случаите експлицитно предвидени во овие Услови за користење, Вие немате право да ги користите горенаведените трговски марки, ниту поединечно, ниту во комбинација со други зборови или елементи од дизајнот.

За да побарате писмена согласност за користење на трговските марки на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје користете ја формата за Контакт со нас, објавена на овој вебсајт.

Ограничување на одговорноста и поврзани Интернет страници

Овој веб сајт има за цел да обезбеди олеснет пристап на клиентите на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје до информации поврзани со понудените услуги и условите за нивно користење. Нашата цел е да обезбедиме целосност и актуелност на објавените податоци. Покрај тоа, при користење на сајтот, треба да се има предвид дека е можно дадените информации: да не бидат сеопфатни и точни; да не претставуваат правен, инвестициски и сличен совет или препорака. Во случај ако имате потреба од таков, треба да побарате мислење од надлежен експерт во соодветната област; содржи упатување до други сајтови, кои ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје не ги контролира на било кој начин и соодветно не носи одговорност за точноста на објавените податоци во нив.

Друштвото не носи одговорност за настанати штети или загуба на добивка од неточни информации, објавени на сајтот или на некој од сајтовите на кој тој ги препраќа, или неправилната перцепција на објавените информации како препорака за реализација на инвестиција, правен совет и слично.

ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје се стреми да ги ограничи до максимален степен непријатностите при користење на сајтот. Сепак, не можеме да гарантираме и не сносиме одговорност, во случај кога пристапот до информациите и нивното користење се отежнати од некомпатибилност на компјутерските програми, од технички грешки и слично.

ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје го задржува правото да ја прекине секоја врска или поврзана програма во секое време. ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје не гарантира непречен и постојан пристап до овој сајт.

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat