Приватност

Изјава за приватност/ Политика за приватност

Оваа Изјава за приватност/ Политика за приватност се однесува за понудата на сите производи на М Кеш како и на веб сајтот www.mcash.mk.

Заштитата на личните податоци на посетителот/корисникот на овој веб сајт се регулирани со оваа Изјава за приватност/ Политика за приватности условите за користење, одредбите од Законот за заштита на личните податоци и задолжителните упатства на Дирекцијата за Заштита на Личните Податоци.

Горенаведените податоци можат да се чуваат и обработуваат за статистички цели, како и за подобрување на понудените услуги.Со користење на овој сајт, посетителите/ корисниците ја даваат својата согласност за користење на таквите податоци од ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје.

Овој сајт содржи специјални врски (линкови, хиперлинкови, банери)кон други веб-сајтови, одржувани од трети страни. Ако посетителот/ корисник на овој сајт избере да ги следи врските кон сајтовите на трети лица, Друштвото во никаков случај не треба да биде одговорно за општите услови поврзани со управувањето и заштитата на личните податоци кои се применуваат на поврзаните сајтови.

Покрај тоа, посетителите/корисниците на нашиот веб-сајт имаат право на пристап до податоци поврзани со нив и право на приговор против обработката на овие податоци.

Оваа Изјава за приватност/Политика за приватност може да биде дополнувана или менувана со текот на времето со специфични услови кои имаат поврзаност со овој веб сајт.

Ако имате било какви прашања во врска со оваа Изјава за приватност, Ве молиме да контактирате со нас, со помош на линкот Контакт.

Собирање на информации

Користењето на овој веб-сајт не бара од Вас да дадете лични информации. Сајтот обработува само информации кои се доброволно дадени од посетителите.Дадените информации може да се однесува на вашето име, email адреса и број на телефон.

Информации за податоци за логови и "колачиња"

Оваа страница чува стандардни информации. Ги регистрираме Вашите посети на страницата, Вашата IP адреса, користениот прелистувач, времето на пристап и страниците што ги посетувате. За да сме сигурни дека нашиот веб сајт гарантира добро чувство за корисникот, ние можеме да користиме "колачиња" (cookies) или веб радиофарови (мали транспарентни слики кои ни помагаат да ја проследиме активноста на корисниците на одредени веб страници). Детални информации за користењето на "колачиња", може да прочитате во Информации за "колачиња".

Користење на информациите

Можно е да е неопходно да дадете лични податоци на вебсајтот, со цел добивање пристап до одредени содржини, вклучување во настан или студија, или регистрација за добивање на информации за теми кои Ве интересираат. Во овој случај,информациите ќе бидат користени за управување на доставените од Вас барања. Имаме право да ги користиме дадените од Вас лични информации за маркетинг цели или за испраќање на промотивни пораки,кои се однесуваат на услугите или производите кои ги нудиме.

Можете да побарате од нас да престанеме да Ви испраќаме пораки на електронска пошта или друг комуникациски пат во секое време.

Давање информации на трети страни

Без да се влије врз одредбите наследни от став, личните податоци нема да се даваат на трети лица, освен ако важечкото законодавството бара откривање на овие податоци на надлежните органи, но единствено и само на нив.

Пристап до информации

За да ги промените доставените од Вас лични информации или за да го откажете приемот на маркетинг пораки треба да контактирате со нас преку линкот за врска за промена на информациите во согласност со важечките законски барања.

Сигурност на информациите

Со цел подобра заштита на информациите, веб сајтот www.mcash.mk користи Secure Sockets Layer (SSL) протокол, кој е побезбеден и доверлив.

Промени во Изјавата за приватност

Го задржуваме правото да ја промениме оваа Изјава за приватност во секое време. Датумот на промената ќе биде прикажан на оваа страница, при што промените ќе бидат на сила од денот на последната промена. Ве советуваме периодично да ја прегледувате оваа декларација со цел подобра информираност.

Заштита на приватноста на деца

Овој веб сајт не е наменет за деца под и на 18-годишна возраст.

Прашања

Ако имате било какви прашања во врска со нашата политика за приватност на Вашите податоци при користењето на овој сајт, Ве молиме упатете ги до нас, користејќи го линкот за контакт со нас.

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat