Featured job
ТОКМУ ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ
Работи како Кредитен Консултант
За да станете Кредитен Консултант, доволно е да бидете комуникативни и амбициозни. Нема ограничувања за пол, возраст, образование и работно искуство 18+
Аплицирај

ПРОЕКТ МЕНАЏЕР

  • Град Скопје
  • Краен рок 01.10.2020
  • Референца #Проект Менаџер

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел е од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите така и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Проект менаџер.

Примарната цел на проект менаџерот е преку соодветно планирање, водење и координирање на проекти да придонесе за успешно рабоење на компанијата. Проектниот менаџер игра клучна улога во  остварување на стратегијата на компанијата.

Опис на работни задачи:

  • Организирање контролира и управување со планирањето и спроведувањето на доделениот проект;
  • Дефинирање на  целите, обемот на проектот и очекуваните резултати;
  • Дефинирање на задачите на проектот и обезбедување ресурси;
  • Подготовка на  буџет на доделениот проект, управување со истиот  и следење на трошоците;
  • Развивање методи и техники за контрола на доделениот проект, проценка на ризик;
  • Подготвува план и распоред за термините во секоја фаза од доделениот проект;
  • Утврдување на  членовите на проектниот тим, ја координира нивната работа и им помага во процесот на имплементација на проектот;
  • Развивање стратегија за комуникација со проектниот тим и предлага план за комуникација;
  • Иницирање и организирање состаноци со проектниот тим за идентификување и решавање на проблемите;
  • Следење на  спроведувањето на роковите на проектот во секоја фаза;
  • Подготвување проценка за квалитетот и резултатите од завршените проекти и известува за нив до неговиот директен менаџер.

Потребни квалификации:

  • Високо обраование;
  • Минимум две години искуство во водење проекти, односно искуство на иста или слична позиција:
  • Ќе се смета за  предност доколку има искуство во финансиски сектор;
  • Искуство во менаџирање проекти;
  • Познавање на Scrum и Kanban програм;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на Англиски јазик.

Очекувани способности и вештини:

  • Одлични аналитички вештини;
  • Напредни комуникациски вештини;
  • Напредни вештини за пишување;
  • Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време;
  • Основно ниво на техничко знаење;
  • Способност за тимска работа;
  • Посветеност.

Ние нудиме:

  • Компетитивна плата;
  • Пријателска работна атмосфера;
  • Динамична и одговорна работа со постојан раст;
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација;
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа.
     

Испратете го вашето CV или мотивационо писмо преку полето Аплицирај: