Аналитички асистент
ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.
Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во Бугарија, Романија и Македонија.
Нашата мисија е да им обезбедиме на сите, без разлика на нивниот животен статус, шанса да добијат брз пристап до финансиски алатки, продукти и услуги за да можат да си ги исполнат соништата. Ние сме млад тим, а сепак искусни професионалци. Сакаме да работиме напорно и да бидеме најдобри.
Ако си подготвен да ни се придружиш на нашето патување, ќе ни биде задоволство да ни се приклучиш во тимот!
Во интерес на нашата експанзија, во потрага сме по Аналитички асистент кој преку своите работни задолженија и соодветни анализи, потребите на клиентите ќе ги претвори во нови продукти, услуги и профити за компанијата.
Аналитички асистент
Работни задачи и одговорности:
- Изработка на дневни, неделни, месечни, квартални, годишни и ад хок извештаи и анализи за резултати и перформанси,
- Контрола, проверка и тестирање на точноста на извештаите.
- Креирање на нови и иновативни начини и извештаи за подобро следење на резултатите, перформансите и процесите.
- Презентација на изготвените извештаи и анализи,
- Внесување и корегирање на податоци во ЕРП систем.
- Комуникација, анализа и презентирање на изготвените извештаи со соработници.
- Комуникација со сектори во компанијата за собирање и обработка на податоци.
Потребни квалификации:
- Високо образование но не е задолжително
- Работно искуство во областа ќе се смета за предност,
- Основни компјутерски вештини и познавање на MS Office пакетот, особено на алатките Excel и Power Point,
- Основно познавање на економска, финансиска терминологија и бизнис процеси.
- Добри комуникациски и презентациски вештини,
- Добри аналитички, логички и организациски вештини
Ова е твојата нова можност! Бидете дел од нашиот тим!
Ние нудиме:
- Компетитивна плата,
- Динамична и пријатна работна атмосфера со тим од професионалци
- Приватно здравствено осигурување
- Ваучер за склучен брак
- Ваучер за родено дете
- Слободен ден за прваче
- Училишен сет за дечињата на вработените
- Можност за внатрешни и надворешни обуки,
- Конференции и други активности
- Динамична и одговорна работа во компанија со постојан раст,
- Можност за континуиран кариерен развој
- Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација,
- Тим билдинг и други активности кои допринесуваат за сплотување на тимот и засилување на тимскиот дух,
- Учество во општествено одговорни активности.
Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.