1. Што е М Кеш?

М Кеш ти нуди брзи кредити за износи од 3 000 до 100 000 денари, за кои што се аплицира онлајн. Нашите производи се целосно прилагодени за твоите потреби и се тука да помогнат при недостиг на финансиски средства. Кредитот го добиваш и отплаќаш по банкарски пат.

2. Како да аплицирам за кредит од М Кеш?
Аплицирањето изврши го онлајн со пополнување на краткиот формулар.
3. Зошто М Кеш?
Предностите што ти ги дава М Кеш се:
  • Аплицираш онлајн, од дома.
  • Одговор добиваш на телефон, 30 минути по аплицирањето.
  • Аплицираш само со лична карта.
  • Сам бираш неделни или месечни рати.
  • Парите ги добиваш за 30 минути по електронското потпишување на договорот.
  • Кредитот се преведува директно на твојата лична трансакциска сметка.
Можеш да имаш доверба во М Кеш, затоа што е дел од меѓународна компанија со историја и воспоставени стандарди на работа, водена од принципите на одговорното кредитирање.
Ние работиме со посебна дозвола од Министерство за финансии, која што можеш да ја провериш тука.
4. За каква сума и рок на отплата на кредит можам да аплицирам?

Нашите производити нудат суми од 3 000 до 100 000 денари за период од 14 денови до 12 месеци.

5. За колку време ќе ми одговорите?
Ако го добиеме барањето во работното време на М Кеш, ќе те контактираме за 15 минути по аплицирањето за кредит. Работно време: 8:30 -19:00.
6. Кои се условите за аплицирање?
За да аплицираш за кредит мора да си полнолетен граѓанин на Република Македонија и да поднесеш копија од лична карта.

Твоето барање ќе биде разгледано од нашиот кредитен оддел, во согласност со сите принципи и законски барања за обработка на твоите лични податоци.

7. Каков е планот за отлата на кредитот?
Во зависност од твоите можности, можеш да избереш месечен продукт на исплаќање. Со склучувањето на договорот за кредит, добиваш и личен план за отплата.
8. Како да го вратам кредитот?

Враќањето на кредитот може да го направиш на повеќе начини: 

  • Преку уплата во НЛБ Тутунска Банка и во било која од Продавниците за пари низ цела Македонија.

· 210069929600235, депонент НЛБ Тутунска Банка

Примери за пополнување на уплатница:

9. Како да дознам дали ми е одобрен кредитот?
При одобрувањето на кредитот ќе добиеш повик од нашите колеги од Контакт Центарот. На твојот e-mail ќе ги добиеш сите документи поврзани со кредитот, како и линк до формуларот за потпишување на договорот.

Исто така, ќе добиеш СМС порака со личен код. Внесувањето на кодот во наведеното поле и кликнувањето на копчето 'Потпис' ќе се смета за завршна постапка за склучувањето на договорот.

10. Дали давате кредити на пензионери и жени на породилно?
Да, кредитите се достапни за сите пензионери и жени на породилно, кои ги исполнуваат условите.
11. Дали може да добијам извештај за кредитот?
Да, сé што треба да направиш е да нé побараш на +389 (2) 51 15 000.
12. Ако не ми е одобрен кредитот, дали може да аплицирам повторно и кога?
Може да аплицираш повторно после1 месец доколку има промена во причината поради која што си бил одбиен.
13. Може ли да го исплатам кредитот предвремено? Како?
Јави се на бројот +389 (2) 51 15 000 и кажи ни дека сакаш да го исплатиш кредитот предвреме.

Износот за предвремената исплата се пресметува до датумот или денот накој ќе го исплатиш износот.

Откако ќе го пресметаме износот што го должиш до моментот, ќе те контактираме со информација за новиот износ што го должиш.

14. Не можам да платам навреме...Што да правам?
Консултирај се со нас и заедно ќе го најдеме најдобро решение.
15. Што ќе се случи ако не го вратам кредитот навреме?
Нередовното плаќање на обврските по договорот за кредит води до наплатување на дополнителни трошоци и до влошување на твојата кредитна историја. Во случај на неплаќање од твоја страна, оваа околност ќе се одрази во МКБ.

При доцнење на исплата на обврските по договорот за паричен заем, ги должиш трошоците за собирање долгови и легална камата за секој ден задоцнување. При неплаќање на обврските од договорот, обврските се префрлаат на фирма за собирање на задоцнети плаќања.

16. Заштитени ли се моите лични податоци?
ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е финансиско друштво, регистрирано како администратор на лични податоци од страна на Дирекцијата за Заштита на Лични Податоци. Твоите лични податоци се заштитени и Друштвото ги чува и обработува во строга согласност со одредбите на Законот за Заштита на Личните Податоци.
17. Како може да добијам потврда за исплатен кредит?
Јави се на +389 (2) 51 15 000 и ние ќе ти испратиме потврда за исплатен кредит.
18. Како да поднесам жалба?
На e-mail на компанијата или со јавување на нашиот телефон +389 (2) 51 15 000.
19. Кои се нашите правила за одговорно давање на кредит?
ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје строго ги почитува барањата за содржината на договорите за кредит, во согласност со важечките прописи. Сите клиенти добиваат предвремена информација за условите на соодветната финансиска услуга обезбедена од страна на Друштвото, како и соодветни објаснувања на поставените од нив прашања.

ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје врши проценка на кредитоспособноста на клиентите пред да донесе одлука за давање на кредит. При извршување на проценката, Друштвото собира доволно информација од нашите клиенти и се проверува нејзината веродостојност.

ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје дава брзи кредити прилагодени со можностите на клиентите, големината на ратата на кредитот мора да одговара на приходот на клиентот. Секое аплицирање е предмет на проценка на ризикот во однос на внатрешните правила на Друштвото.

Не двоумете се да ни се јавите или да ни напишете!

+389
Само бројки се дозволени

Полето е задолжително

Contact Icon
Кореспондентна адреса
Северна Македонија ул. Пајак 9 1000 Скопје
Contact Icon
За нас
"ФД М Кеш Македонија" ДООЕЛ
EIC: 6992960
MRP: Ристе Гигоровски
Phone Icon
02 51 15 000
биран директно од целата земја <02 51 15 000>