
ТОКМУ ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ

КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ ВО ПРИЛЕП
- Град Прилеп
- Краен рок 13.02.2023
- Референца #Кредитен Консултант во Прилеп
ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од брзорастечката меѓународна група, која располага со развиена мрежа канцеларии на територијата на Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија. Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна околина.
Во врска со проширувањето на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозен, снаодлив и одговорен вработен на позиција:
КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ ВО ПРИЛЕП
Доколку:
• Сакате да работите во финансиска институција со сигурен приход и можност за обука и развој;
• Имате искуство или сакате да стекнете искуство во областа на продажбата;
• Барате сериозна и одговорна компанија која ќе ви понуди атрактивна работна атмосфера;
• Сакате да имате слобода да одлучувате;
• Сакате да контактирате со нови луѓе и да воспоставите долгорочни односи со различни типови на клиенти.
Ова е твојата нова можност! Бидете дел од нашиот тим!
Од вас очекуваме:
• Остварување на продажби во однос на индивидуалните и тимските месечни цели;
• Развој и одржување на база на клиенти на локацијата;
• Клиентска услуга за плаќање и администрирање на реализирана продажба;
• Подготовка на периодично известување;
• Стручна и љубезна услуга на купувачи;
• Добри компјутерски вештини;
• Аналитичко размислување и вештини за приоретизирање на задачите;
• Вештини за тимска работа.
Ние нудиме:
• Договор за работа, фиксна плата и бонуси за работа;
• Платени придонеси за осигурување според платата;
• Обука во компанијата и периодична обука во секторот.
• Работа во пријатно и професионално опкружување;
• Дополнителни социјални бенефиции:
• Дополнително здравствено осигурување;
• Преференцијално разменување на вработените;
Ако овој предлог ви е интересен, испратете ни CV со неодамнешна слика.
Ако сметате дека одговарате на нашите барања, а ние на Вашите очекувања, Ве молиме доставете ја Вашата детална биографија со актуелна слика на нашата електронска адреса careers@mcash.mk.
Ние гарантираме доверливост на сите апликации за работа и ќе ги исконтактираме само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.

МОБИЛЕН КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ ВО СКОПЈЕ
- Град Сите градови
- Краен рок 19.02.2023
- Референца #Мобилен Кредитен Консултант во Скопје
Доколку сакате да се приклучите во трговската мрежа на Финансиско Друштво М Кеш Македонија, сега Ви е можноста.
За да станете дел од тимот на М Кеш како Мобилен кредитен консултант не ви е потребно CV!
Сé што е потребно е да бидете :
- Комуникативни
- Амбициозни
- Одговорни
- Организирани
-
И не постојат ограничувања на пол, возраст, образование или искуство!
Предности како Мобилен кредитен консултант:
- Ќе бидете дел од меѓународна и одговорна компанија која нуди можност за развој
- Флексибилно работно време
- Позицијата не вклучува фиксна плата
- Нудиме систем на наградување кој Ви нуди високи почетни примања
- Транспарентни и јасни услови за начинот на наградување
- Нудиме јасен систем за раст на кариерниот пат во компанијата
- Добивате професионална и индивидуална обука за продуктите кои ги нудиме и продажни активности
Од Вас очекуваме:
- Да ги презентирате и нудите нашите продукти пред потенцијалните и пред сегашните клиенти
- Вршите директна продажба на финансиските производи на компанијата
- Грижа за клиентите
- Грижа за остварување на договорените обврски од страна на клиентите
Доколку сакате да заработувате одлично и сакате да работите со луѓе и во општествено одговорна компанија, тогаш станете дел од формулата за успех на М КЕШ. За да аплицирате и за повеќе информации контактирајте не на следниот телефонски број 076 / 244-482
Ова е Вашата нова можност да станете дел од нашиот тим!