Општи услови
- Почетна
- Општи услови
Општи услови
Правила за користење
Услови за користење
Овој веб сајт е сопственост на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје и е создаден со цел генерално информирање. Пристапот до овој сајт е потполно бесплатен.
Пристапувајќи на овој сајт и до материјалите и информациите кои се содржани во него, Вие се согласувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте согласни со Условите за користење. Во спотивно, потребно е веднаш да ја прекинете сесијата.
Како корисник на овој веб сајт, Вие се согласувате да ги почитувате сите важечки закони во врска со пристапот и користењето на овој сајт. Користејќи го овој веб сајт, Вие ни ја давате Вашата согласност да ја користиме дадената од Вас информација и лични податоци во согласност со нашата Изјава за приватност/Политика на приватности Информации за колачиња (cookies).
Авторскиправа
Објавените на овој сајт информативни материјали, фотографии и други слики, како и графичката обработка се предмет на авторски права според Законот за авторското право и сродните права /ЗАПСП/. Истите можат слободно да се употребуваат само во случаите и за целите предвидени во законот, под услов да не го попречуваат нормалното функционирање на сајтот и не ги повредуваатзаконските интереси на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје.
М Кеш и логото на М Кещ, кои се објавени на овој вебсајт, се трговски марки или регистрирани трговски марки. Освен во случаите експлицитно предвидени во овие Услови за користење, Вие немате право да ги користите горенаведените трговски марки, ниту поединечно, ниту во комбинација со други зборови или елементи од дизајнот.
За да побарате писмена согласност за користење на трговските марки на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје користете ја формата за Контакт со нас, објавена на овој вебсајт.
Ограничување на одговорноста и поврзани Интернет страници
Овој веб сајт има за цел да обезбеди олеснет пристап на клиентите на ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје до информации поврзани со понудените услуги и условите за нивно користење. Нашата цел е да обезбедиме целосност и актуелност на објавените податоци. Покрај тоа, при користење на сајтот, треба да се има предвид дека е можно дадените информации: да не бидат сеопфатни и точни; да не претставуваат правен, инвестициски и сличен совет или препорака. Во случај ако имате потреба од таков, треба да побарате мислење од надлежен експерт во соодветната област; содржи упатување до други сајтови, кои ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје не ги контролира на било кој начин и соодветно не носи одговорност за точноста на објавените податоци во нив.
Друштвото не носи одговорност за настанати штети или загуба на добивка од неточни информации, објавени на сајтот или на некој од сајтовите на кој тој ги препраќа, или неправилната перцепција на објавените информации како препорака за реализација на инвестиција, правен совет и слично.
ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје се стреми да ги ограничи до максимален степен непријатностите при користење на сајтот. Сепак, не можеме да гарантираме и не сносиме одговорност, во случај кога пристапот до информациите и нивното користење се отежнати од некомпатибилност на компјутерските програми, од технички грешки и слично.
ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје го задржува правото да ја прекине секоја врска или поврзана програма во секое време. ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје не гарантира непречен и постојан пристап до овој сајт.
Приватност
Изјава за приватност/ Политика за приватност
Оваа Изјава за приватност/ Политика за приватност се однесува за понудата на сите производи на М Кеш како и на веб сајтот www.mcash.mk.
Заштитата на личните податоци на посетителот/корисникот на овој веб сајт се регулирани со оваа Изјава за приватност/ Политика за приватности условите за користење, одредбите од Законот за заштита на личните податоци и задолжителните упатства на Дирекцијата за Заштита на Личните Податоци.
Горенаведените податоци можат да се чуваат и обработуваат за статистички цели, како и за подобрување на понудените услуги.Со користење на овој сајт, посетителите/ корисниците ја даваат својата согласност за користење на таквите податоци од ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје.
Овој сајт содржи специјални врски (линкови, хиперлинкови, банери)кон други веб-сајтови, одржувани од трети страни. Ако посетителот/ корисник на овој сајт избере да ги следи врските кон сајтовите на трети лица, Друштвото во никаков случај не треба да биде одговорно за општите услови поврзани со управувањето и заштитата на личните податоци кои се применуваат на поврзаните сајтови.
Покрај тоа, посетителите/корисниците на нашиот веб-сајт имаат право на пристап до податоци поврзани со нив и право на приговор против обработката на овие податоци.
Оваа Изјава за приватност/Политика за приватност може да биде дополнувана или менувана со текот на времето со специфични услови кои имаат поврзаност со овој веб сајт.
Ако имате било какви прашања во врска со оваа Изјава за приватност, Ве молиме да контактирате со нас, со помош на линкот Контакт.
Собирање на информации
Користењето на овој веб-сајт не бара од Вас да дадете лични информации. Сајтот обработува само информации кои се доброволно дадени од посетителите.Дадените информации може да се однесува на вашето име, email адреса и број на телефон.
Информации за податоци за логови и "колачиња"
Оваа страница чува стандардни информации. Ги регистрираме Вашите посети на страницата, Вашата IP адреса, користениот прелистувач, времето на пристап и страниците што ги посетувате. За да сме сигурни дека нашиот веб сајт гарантира добро чувство за корисникот, ние можеме да користиме "колачиња" (cookies) или веб радиофарови (мали транспарентни слики кои ни помагаат да ја проследиме активноста на корисниците на одредени веб страници). Детални информации за користењето на "колачиња", може да прочитате во Информации за "колачиња".
Користење на информациите
Можно е да е неопходно да дадете лични податоци на вебсајтот, со цел добивање пристап до одредени содржини, вклучување во настан или студија, или регистрација за добивање на информации за теми кои Ве интересираат. Во овој случај,информациите ќе бидат користени за управување на доставените од Вас барања. Имаме право да ги користиме дадените од Вас лични информации за маркетинг цели или за испраќање на промотивни пораки,кои се однесуваат на услугите или производите кои ги нудиме.
Можете да побарате од нас да престанеме да Ви испраќаме пораки на електронска пошта или друг комуникациски пат во секое време.
Давање информации на трети страни
Без да се влије врз одредбите наследни от став, личните податоци нема да се даваат на трети лица, освен ако важечкото законодавството бара откривање на овие податоци на надлежните органи, но единствено и само на нив.
Пристап до информации
За да ги промените доставените од Вас лични информации или за да го откажете приемот на маркетинг пораки треба да контактирате со нас преку линкот за врска за промена на информациите во согласност со важечките законски барања.
Сигурност на информациите
Со цел подобра заштита на информациите, веб сајтот www.mcash.mk користи Secure Sockets Layer (SSL) протокол, кој е побезбеден и доверлив.
Промени во Изјавата за приватност
Го задржуваме правото да ја промениме оваа Изјава за приватност во секое време. Датумот на промената ќе биде прикажан на оваа страница, при што промените ќе бидат на сила од денот на последната промена. Ве советуваме периодично да ја прегледувате оваа декларација со цел подобра информираност.
Заштита на приватноста на деца
Овој веб сајт не е наменет за деца под и на 18-годишна возраст.
Прашања
Ако имате било какви прашања во врска со нашата политика за приватност на Вашите податоци при користењето на овој сајт, Ве молиме упатете ги до нас, користејќи го линкот за контакт со нас.
Колачиња
Што претставуваат "колачињата"(cookies)?
"Колачињата" (Cookies)" се мали делови на информации кои се чуваат на компјутер или друг уред, ракуван од Вас. Веб прелистувачот ги испраќа овие "колачиња" назад кон тој сајт при секоја Ваша посета и ни помага да ја сочуваме информацијата за Вашите кориснички преференци. Ако сакате да добиете подетални информации во врска со "колачињата" и нивната функционалност, може да го посетите http://www.aboutcookies.org/.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница преку "колачиња" или други технологии може да се собираат информации. Со користењето на овој веб-сајт, Вие се согласувате со користење "колачиња", како што е опишано во нашата политика за користење на "колачиња".
Зошто користиме "колачиња"?
Колачињата ни помагаат да ги обезбедуваме, заштитуваме и подобруваме нашите услуги. Преку персонализирана содржина, приспособување и мерење на рекламите, ние се стремиме да Ви обезбедиме прилагодени и соодветни услуги. " Колачињата" кои ги користиме, можат да се поделат во неколку категории:
- Автентичност
Користиме "колачиња" кои имаат за цел да потврдат кога сте го користеле веб сајтот, за да можеме да го олесниме Вашиот пристап и да Ви покажуваме соодветна содржина.
- Заштита
Користиме "колачиња" кои ни помагаат да ги одржуваме заштитени Вашите податоци.
- Реклама и анализа
Користиме "колачиња" кои ни помагаат да Ви обезбедиме содржини преку насочено рекламирање, кое е од значење за Вас и Вашите интереси. Со овој вид на "колачиња" можеме да го ограничиме бројот на импресиите на нашите реклами.
" Колачињата" ни помагаат да ги нудиме и мериме рекламите.
- Посветеност
Користиме "колачиња" за да можеме да Ви обезбедиме подобро искуство.
- Анализи и истражувања
Користиме "колачиња" кои ни помагаат да го разбереме начинот на кој луѓето ги користат нашите услуги и за да можеме да ги подобруваме.
Како да ги контролирате "колачињата"?
Посетувајќи го овој сајт Вие се согласувате со користењето на "колачиња" од наша страна. Ви овозможуваме да ги контролирате и управувате "колачињата" кои ги користиме. Ве молиме имајте предвид дека отстранувањето или блокирањето на "колачињата" може да го ограничи Вашиот пристап до одредени функции на овој веб-сајт.
Контрола на прелистувачот
Повеќето прелистувачи Ви овозможуваат да ги ограничите или избришете одредени видови "колачиња" на индивидуален принцип, како и да блокирате "колачиња" од избрани веб-сајтови. За информација како да ги смените подесувањата на Вашиот прелистувач, за да ги блокирате или филтрирате "колачињата", посетете го http://www.aboutcookies.org/ или http://www.cookiecentral.com/faq/.
Социјални копчиња
Користиме социјални копчиња, за да им овозможиме на нашите корисници да споделуваат или да обележуваат веб страници. Тоа се копчиња на трети страни, кои што можат да запишуваат информации за Вашите сесии на интернет.
Надворешни веб услуги
Користиме надворешни веб сервиси на овој веб-сајт со цел прикажување на содржината на веб страниците на овој веб-сајт. Како во случајот со социјалните копчиња, ние не можеме да ги ограничиме овие сајтови да собираат информации за користената од Вас содржина.
Изјава за согласност
Изјава на клиент за носител на јавна функција
Лиценца
Конфирмациско писмо

Онлајн плаќање
Олеснете го начинот на плаќање, без чекање во редици. Удобно од Вашиот дом, користете ги онлајн услугите на нашите соработници НЛБ Тутунска Банка, Халкбанк, Македонски пошти или во нашите Продавници за пари.
Сметки каде што можете да извршите уплата:

