Касиер во Куманово

Град: Куманово
Оддел: MCash Македониja
Канцеларија: Куманово
Краен рок : 26.08.2025
Референца: Оглас за Касиер Куманово

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во  Бугарија, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна средина.

Во интерес на  проширување на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозен, исполнителен и одговорен вработен на позиција:

КАСИЕР ВО КУМАНОВО

Доколку:

  • Сакате да работите во финансиска институција со сигурен приход и можност за обука и развој;
  • Имате искуство или сакате да стекнете искуство во областа на продажбата;
  • Барате сериозна и одговорна компанија која ќе ви понуди атрактивна работна атмосфера;
  • Сакате да имате слобода да одлучувате;
  • Сакате да контактирате со нови луѓе и да воспоставите долгорочни односи со различни типови на клиенти.

Ова е твојата нова можност! Бидете дел од нашиот тим!

Од вас очекуваме:

  • Остварување на продажби во однос на индивидуалните и тимските месечни цели;
  • Развој и одржување на база на клиенти на локацијата;
  • Клиентска услуга за плаќање и администрирање на реализирана продажба;
  • Подготовка на периодично известување;
  • Стручна и љубезна услуга на купувачи;
  • Добри компјутерски вештини;
  • Аналитичко размислување и вештини за приоретизирање на задачите;
  • Вештини за тимска работа.

Ние нудиме: 

  • Уникатна нето плата
  • Отворени можности за дополнителна заработка
  • Динамична и пријатна работна атмосфера со тим од професионалци
  • Приватно здравствено осигурување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за родено дете
  • Слободен ден за прваче
  • Училишен сет за дечињата на вработените
  • Конференции и други активности
  • Платени обуки
  • Општествено одговорни иницијативи

 

Доколку сакате да работи во динамична средина со тим од професионалци испратете го вашето CV или мотивационо писмо преку Брзата Апликација.

Ask a question Постави прашање