Кредитен консултант во Радовиш

Град: Радовиш
Оддел: MCash Македониja
Канцеларија: Радовиш
Краен рок : 22.08.2025
Референца: Кредитен консултант, Радовиш

Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје е водечка небанкарска финансиска институција во Македонија, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од Management Financial Group (MFG), меѓународна групација која обезбедува финансиски услуги во повеќе земји како што се Бугарија, Хрватска, Шпанија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

ФД М КЕШ Македонија се истакнува со својот иновативен пристап и брза експанзија, како преку онлајн услугите, така и преку директната услуга во нашите Продавници за пари. 

Како резултат на постојанта експанзија М Кеш има потреба од

КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ ВО РАДОВИШ
 

Аплицирај веднаш за Кредитен консултант во М Кеш и само кај нас добиваш:

Атрактивна можност за континуиран раст на нето плата во текот на годината!!!

Позиција – Кредитен консултант:

  • Ефикасна и љубезна услуга на клиенти
  • Презентација и нудење на нашите продукти согласно потребите на клиентите
  • Остварување на продажби во однос на индивидуалните и тимските месечни цели
  • Наплата на побарувања согласно политиките на компанијата
  • Организирање и спроведување промотивни активности и инцијативи
  • Проактвност во однос на барање клиенти, наплата, презентација на продуктите и компанијата

Ова е твојата нова можност! Бидете дел од нашиот тим! 

Ние нудиме: 

  • Уникатна нето плата со атрактивна можност за континуиран раст во текот на годината
  • Уникатен начин на месечно бонусирање
  • Отворени можности за дополнителна заработка
  • Динамична и пријатна работна атмосфера со тим од професионалци
  • Приватно здравствено осигурување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за родено дете
  • Слободен ден за прваче
  • Училишен сет за дечињата на вработените
  • Конференции и други активности
  • Платени обуки
  • Можност за континуиран кариерен развој
  • Општествено одговорни иницијативи

 

Доколку сакате да работи во динамична средина со тим од професионалци испратете го вашето CV или мотивационо писмо преку Брзата Апликација.

Ask a question Постави прашање