Оператор во контакт центар

Град: Скопје
Оддел: MCash Македониja
Канцеларија: Central Office
Краен рок : 26.08.2025
Референца: Контакт центар

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од брзорастечката меѓународна група, која располага со развиена мрежа канцеларии на територијата на Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија. Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна околина.

Во врска со проширувањето на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозни, снаодливи и одговорни вработени на позиција:

ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

Обврските на операторот кој сакаме да го вработиме вклучуваат:

  • Одговарање на влезните повици од клиентите по различни основи
  • Контактирање на клиенти за нудење на нашите актуелни понуди и промоции (вршење продажба)
  • Контактирање на клиентите заради прибирање дополнителни податоци или документи
  • Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци
  • Грижа за клиентите

Нашите барања кои операторот треба да ги поседува вклучуваат: 

  • Минимум средна стручна подготовка
  • Добра дикција и интонација на глас
  • Поседување продажни вештини и техники
  • Преговарачки вештини
  • Снаодливост
  • Аналитичност
  • Одлична компјутерска писменост
  • Тимски играч
  • Ориентираност кон позитивни резултати
  • Љубезност, но во исто време сигурност во настапот

Ова е твојата нова можност! Бидете дел од нашиот тим!

Ние нудиме: 

  • Уникатна нето плата со атрактивна можност за континуиран раст во текот на годината
  • Уникатен начин  на месечно бонусирање
  • Отворени можности за дополнителна заработка
  • Динамична и пријатна работна атмосфера со тим од професионалци
  • Приватно здравствено осигурување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за родено дете
  • Слободен ден за прваче
  • Училишен сет за дечињата на вработените
  • Платени обуки
  • Можност за континуиран кариерен развој

 

Доколку сакате да работи во динамична средина со тим од професионалци испратете го вашето CV или мотивационо писмо преку Брзата Апликација.

Ask a question Постави прашање