Општ работник

Град: Скопје
Оддел: MCash Македониja
Канцеларија: Central Office
Краен рок : 27.09.2024
Референца: Општ работник

Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје е водечка небанкарска финансиска институција во Македонија, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од Management Financial Group (MFG), меѓународна групација која обезбедува финансиски услуги во повеќе земји како што се Бугарија, Хрватска, Шпанија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

ФД М КЕШ Македонија се истакнува со својот иновативен пристап и брза експанзија, како преку онлајн услугите, така и преку директната услуга во нашите Продавници за пари. Како резултат на посветената работа и одржување на позицијата на пазарот, компанијата продолжува да биде лидер во секторот на небанкарските финансиски услуги во Македонија.

Поради растечките потреби и амбиции за понатамошен развој, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Општ работник.

Опис на работни задачи:

  • Планирање на сите оперативни материјали, печатени материјали, рекламни материјали, сувенири и сл.
  • Пакување и организирање на маркетинг материјали, бонус и лојална програма.
  • Контрола и одговорност за навремена испорака на материјалите.
  • Изготвување понуди за тендери во согласност со тендерската постапка или собирање најмалку три понуди по барање за изработка на артикли.
  • Организирање и контрола на процесот на снабдување и логистика на документи и рекламни материјали до Продавниците за пари.
  • Поддршка на Продавниците за пари во спроведувањето на рекламните активности.
  • Одржување контакти со добавувачите и рекламните агенции за договарање на условите за нарачки за материјали.

Потребни квалификации:

  • Минимум средна стручна спрема
  • Високо образование од областа на маркетинг, ќе се смета за предност но не е неопходно
  • Компјутерска писменост и вештини: MS Office, основно познавање на Excel задолжително.
  • Познавање на англиски јазик.
  • Возачка дозвола.

Очекувани способности и вештини:

  • Комуникациски вештини.
  • Способност за работа повеќе задачи истовремено и менаџирање на сопственото време.
  • Посветеност.
  • Професионалност, одговорност и лојалност.
  • Самоиницијативност
  • Способност за работа во тим и самостојност во извршувањето на задачите.
  • Проактивен пристап

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата.
  • Приватно здравствено осигурување.
  • Можности за професионален развој и обука.
  • Работа во динамично и позитивно работно опкружување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за родено дете
  • Вaучер за прв училишен ден 

Испратете го вашето CV или мотивационо писмо на careers@mcash.mk

 

 

 

 

 

Ask a question Постави прашање