Featured job
ТОКМУ ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ
Работи како Кредитен Консултант
За да станете Кредитен Консултант, потребно е да бидете комуникативни и амбициозни. Нема ограничувања за пол, возраст, образование и работно искуство 18+
Аплицирај
Job image

ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР-НАПЛАТА

  • Град Скопје
  • Краен рок 29.06.2022
  • Референца #Оператор во Контакт Центар- наплата

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од брзорастечката меѓународна група, која располага со развиена мрежа канцеларии на територијата на Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија. Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна околина.

 

Во врска со проширувањето на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозни, снаодливи и одговорни вработени на позиција:

 

ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР- НАПЛАТА

 

Обврските на операторот кој сакаме да го вработиме вклучуваат:

Контактирање на клиентите по однапред определен план за наплата на доспеаниот долг

Контактирање на клиентите заради прибирање дополнителни податоци или документи

Одговарање на влезните повици од клиентите по различни основи

Грижа за клиентите

Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци

 

 

Нашите барања кои операторот треба да ги поседува вклучуваат:

Минимум средна стручна подготовка

Добра дикција и интонација на глас

Преговарачки вештини

Снаодливост

Аналитичност

Одлична компјутерска писменост

Тимски играч

Ориентираност кон позитивни резултати

Љубезност, но во исто време сигурност во настапот

 

Ние нудиме:

Можност за професионален развој

Можност за обука и зголемување на квалификациите

Динамична работа во млад и мотивиран тим

Добра заработувачка

 

Ако сметате дека одговарате на нашите барања, а ние на Вашите очекувања, Ве молиме доставете ја Вашата детална биографија со актуелна слика на нашата електронска адреса careers@mcash.mk, со назначување на позицијата за која аплицирате. Ние гарантираме доверливост на сите апликации за работа и ќе ги исконтактираме само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.

Job image

ИНКАСАТОР ВО КАВАДАРЦИ

  • Град Кавадарци
  • Краен рок 27.06.2022
  • Референца #Инкасатор во Кавадарци

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од брзорастечката меѓународна група MFG, која располага со развиена мрежа канцеларии на територијата на Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија. Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна околина.

Во интерес на нашата експанзија како во онлајн кредитирањето така и преку отварање на дисперзирани Продавници за пари низ целата држава, нудиме деловна соработка преку ангажирање на Агенти за наплата.

 

1.Протребни квалификации за кандидат на позиција   Агенти за наплата

-Комуникативен

-Снаодлив

-Авторитетна и одговорна личност

-Можност за справување со проблематични клиенти

-да поседува возачка дозвола Б категорија и сопствено возило

 

2. Задачи на позицијата

-Следење на доделените клиенти за да се идентификуваат неплатените долгови

- Изготвување на план  за наплата на ненаплатени плаќања

- Лоцирање и контактирање на клиентите за да го договорат или извршат плаќањето на истите телефонски или на адреса

-Ажурирање на соодветните податоци

3.Ние нудиме:

- Поволни услови  

- Обука во компанијата

- Работа на терен

- Флексибилно работно време

- Можност за дополнителна заработувачка за кандидати кои се во работен однос

 

Доколку сметате дека одговарате на нашите барања, а ние на Вашите очекувања, Ве молиме доставете го вашето  CV на нашата електронска адреса careers@mcash.mk

Ние гарантираме доверливост на сите апликации за работа и ќе ги исконтактираме само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.