Помлад специјалист за Корпоративна Безбедност за реон Југ

Град: Сите градови
Оддел: MCash Македониja
Краен рок : 22.08.2025
Референца: Корпоративна Безбедност - реон Југ

Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје е водечка небанкарска финансиска институција во Македонија, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од Management Financial Group (MFG), меѓународна групација која обезбедува финансиски услуги во повеќе земји како што се Бугарија, Хрватска, Шпанија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија има потреба од:

Помлад специјалист за Корпоративна Безбедност за реон Југ

 

Работни задачи и одговорности:

  • Одржување на стабилноста и угледот на организацијата на секое ниво;
  • Заштита на сопственоста на компанијата преку 24 часовна комуникациска достапност при немили настани  и други безбедносни проблеми;
  • Утврдување и пријавување на неправилности преку ревизија на работните формални и неформални процеси на компанијата;
  • Тековни проверки согласно работен план на регионалните канцеларии;
  • Проверки на исправноста на документите во друштвото, како и за усогласеноста со правилата за работа со документи во согласност со внатрешните правила на компанијата и законските норми;
  • Теренска работа и комуникација со надворешни лица, проверки на веродостојност на лични податоци;
  • Подготвување извештаи како и водење  на евиденција за состојбата и работењето на подружниците;
  • Вонредни дополнителни проверки и контроли;
  • Учество во дополнителни работни процеси надвор од делокругот на основната дејност на работната позиција за потребите на компанијата;

Потребни квалификации:

  • Место на живеење во околината на градовите Битола, Прилеп и Ресен, ќе се смета за предност;
  • Задолжително поседување на важечка возачка дозвола Б категорија;
  • Завршено образование во областа, ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство во областа, ќе се смета за предност;
  • Способност за запазување на детали и рокови;
  • Доверба, одговорност и дисциплина во работењето;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа;

Што нудиме:

  • Компетитивна плата;
  • Доделување на опрема за извршување на работните задачи: лаптоп, мобилен телефонски апарат, мобилен телефонски број;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Можност за дополнителна заработка во соработка со партнерските компании на ФД М Кеш Македонија;
  • Редовни внатрешни и надворешни можности за обука;
  • Динамична и одговорна работа во компанија со постојан раст;
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација;
  • Учество во општествено одговорни активности;
  • Ваучер за родено дете
  • Ваучер за склучен брак
  • Слободен ден за прваче
  • Училишен сет за дечињата на вработените
  • Конференции и други активности
  • Можност за континуиран кариерен развој


Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

Ask a question Постави прашање