19.08.2019

Бизниси кои може да ги работите од дома

news article image

Во текот на последната деценија, со развојот на технологијата, брзиот интернет и менувањето на ставовите за природата на работата, работењето од дома стана реалност за милиони луѓе ширум светот. Сега е можно да се започне речиси секој вид на бизнис од дома веднаш, со различни степени на инвестиции и искуство.

Но, иако работата од дома нуди независност, слобода и огромен потенцијал, успехот не е загарантиран. Со зголемувањето на работата од дома доаѓа поголема конкуренција од други домашни и странски бизниси.

Сепак, со вистински насоки и сериозни подготовки, можете да бидете дел од растечката домашна и глобална економија. Еве некои предлог идеи за онлајн бизниси кои што можете да ги почнете од дома.

Графички дизајн

Бизнисите секогаш ќе имаат потреба од дизајн на логоа, рекламни материјали и слично. Графичките дизајнери им помагаат во пренесувањето на информациите визуелно.

Графичкиот дизајн бара одредено ниво на експертиза. Иако може да работите како самоук графички дизајнер, секако ќе Ви биде од голема помош доколку се стекнете со содветни сетификати или дипломи.

Секако, конкуренцијата е голема, но истотака има многу повеќе компании и организации кои имаат потреба од дизајн отколку што има дизајнери. Започнувањето на бизнис за графички дизајн нуди огромна можност - само не заборавајте да бидете креативни.

Пишување (Copywriting)

Голем дел од маркетинг компаниите бараат надворешни соработници - copywriters за составање промотивни материјали за бизниси, вклучувајќи реклами, веб-страници, каталози и слично.

Оваа професија обично бара диплома во маркетинг или комуникации, но доколку сте добри во пишување може да креирате одлични текстови од канцеларијата во Вашиот дом.

Виртуелен асистент

Задачата на виртуелен асистент е да се справува со различни мали задачи за бизниси или поединци. Задачите може да вклучуваат одговарање на е-пораки, внесување на податоци, планирање, управување со блогови, па дури и шопинг.

За да започнете како виртуелен асистент, ќе ви треба веб-страница, креирање на бренд со силен глас и конкретна услуга. Можностите да станете виртуелен асистент се повеќе веројатни за оние кои се организирани и подготвени да помогнат во организирањето на другите.

Оваа индустрија расте многу брзо. Истражете детално како да станете виртуелен асистент и почнете од удобноста на Вашиот дом.

Веб дизајн

Кога станува збор за Веб дизајн, имате многу можности да работите со клиенти од целиот свет и да додадете Ваша естетика и експертиза на нивните веб-сајтови.

Помагањето на клиентите во дизајнирањето на добра веб-страница за нивните потреби е одличен начин да заработите од дома. Но, исто како и графичкиот дизајн, и веб-дизајнот бара вештини за кои може да бидат потребни години за да се стекнат и усовршат.

Блогирање

Ако имате одредена тема за која сакате да пишувате или едноставно да го пренесете Вашиот животен стил или гледишта кон светот, блогирањето може да биде добар бизнис кој може да го градите од дома.

Блогирањето е растечко поле за кариера кое може да опфати различни индустрии и теми. Ако уживате во пишување, фотографирање, тоа дури може да доведе до голема кариера како професионален блогер.

Секако дека ќе биде потребно време да ја зголемите публиката и да најдете соодветни начини за монетизација на Вашиот блог, но потенцијалот за приход е скоро неограничен.

Онлајн продавница

Локалното продавање одамна не е единствена можност. Не мора да поставувате традиционална продавница и сите трошоци што одат со неа. Се што треба да направите е да се одлучите за категорија на производи, да го креирате Вашиот бренд, да поставите е-продавница и да почнете да продавате.

Во македонија се потрошени 63 милиони евра за купување онлајн во првото полугодие од 2018 година, со раст од 20% во споредба со истиот период 2017 година. Затоа, доколку мислевте дека во Македонија не можете да најдете пазар за онлајн продажба, ова е доволен показател дека Вашата е-продавница може да има голем успех.

Специјалист за социјални медиуми

Секоја компанија што продава нешто има потреба од присуство на социјалните медиуми, поради тоа пазарот за нудење на овие услуги е огромен. Поголемите компании можат да ангажираат агенција или вработен со полно работно време да управува со сите сметки на социјалните медиуми кои ги имаат, но малите бизниси често мора да се справуваат сами.

Како да станете вистински експерт за социјални медиуми? Преку пракса. Изградете публика за себе пред да ги понудите своите услуги на другите. Определете го Вашиот сектор и изградете свое присуство во таа заедница. Креирајте квалитетна содржина и со тек на време ќе најдете начин да се поврзете во светот што постојано се проширува.

Ask a question Постави прашање