Black Friday: Попусти да, празен паричник не!
Black Friday е совршена можност да купиш нешто што одамна го посакуваш по пониска цена. Но дали секој попуст е навистина заштеда?
Пред да посегнеш по паричникот провери ги овие 5 финансиски правила за паметно трошење:
1. Направи листа на желби. Купи го она што ти е потребно, но не сѐ што е на попуст. Не ти се потребни 10 работи само затоа што се на 50% попуст.
2. Одреди буџет. Постави си лимит пред да почне шопинг- маратонот. Твојот паричник ќе ти биде благодарен! Ако имаш 3000 денари на располагање за купување, тоа е твојот лимит. Не го зголемувај само затоа што си пронашол “неодолива понуда”
3. Спореди ги цените. Не секој попуст е вистински попуст. Провери колку производот или услугата чинеле претходно и спореди ги понудите.
4. Правило на 24 часа. Ако не си сигурен дека ти треба нешто, почекај еден ден. Импулсивната желба често исчезнува, а парите ти остануваат. Ако и утре ти е потребно и се вклопува во твојот буџет, тогаш размисли за купување.
5. Не троши пари што ги немаш. Купувањето на рати не е заштеда ако подоцна ти создава финансиски притисок. Пресметај дали оваа обврска ќе се вклопи во твојот месечен буџет, заедно со сите останати трошоци. Бидете сигурни дека вашата желба се вклопува во правилот 50%-30%-20% за трошоци!
Запомни: Целта не е да купиш најмногу за време на Black Friday, туку да ги искористиш средствата најпаметно!
Tи недостасуваат дополнителни средства за твоите планови? Дознај повеќе за можностите на www.mcash.mk!