02.11.2026

Гест на внимание и грижа за заедницата во рамките на Иницијативата “Од срце за СРЦЕ”

news article image

Во рамките на активностите на нашата инцијатива “Oд срце за СРЦЕ”, тимови на МКеш од Струга и Охрид ги посетија пензионерскиот дом во Струга и центарот за дневен престој на стари лица во Охрид. На нивните корисници им дониравме по 30-ина подароци, со цел да се придонесе за нивно подинамично секојдневие и да внесеме радост и топлина.

Донациите опфатија друштвени игри, меѓу кои шах, карти, табли како и кутии за чување и организирање на лекови. Со овие подароци сакаме да поттикнеме дружење, заеднички активности и квалитетно поминување на слободното време, а истовремено да придонесеме за полесна организација на секојдневните обврски.

Веруваме дека грижата за заедницата се гради преку искрено внимание, солидарност и мали гестови што имаат големо значење. Ова беше можност да споделиме убави моменти и да потсетиме дека човековата блискост и меѓусебната грижа се вредности што треба да ги негуваме секој ден.

Како компанија остануваме посветени на инцијативата “Oд срце за СРЦЕ” преку која допринесуваме за похумано општество и посилна заедница. Веруваме дека вистинската вредност на едно добро дело се мери со радоста што ја носи.

Ask a question Постави прашање