Грижата за себе нека биде приоритет – не само во октомври, туку во текот на целата година
Октомври е меѓународен месец за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, но во М КЕШ грижата за здравјето не е само кампања – таа е трајна вредност.
Со оглед на тоа што статистиките покажуваат сè поголем број заболени жени на помлада возраст, ранливите прашања на превенцијата и раното откривање стануваат клучни за спасување човечки животи. Како општествено одговорна компанија, М КЕШ уште еднаш ги става здравјето и благосостојбата на своите вработени на прво место.
Здравјето на вработените – наш највреден ресурс
Сметаме дека вистинската грижа започнува одвнатре, па затоа М КЕШ и оваа година, за сите свои колешки организира бесплатни превентивни ехо-прегледи на дојка.
Како компанија, веруваме дека грижата за здравјето започнува со превенција и токму затоа сакаме да ги поттикнеме нашите колешки да одвојат малку време за себе и да го искористат ова организирано испитување.
Во рамките на „Розов октомври” организиравме прегледи во соработка со повеќе овластени партнерски ординации ширум државата, овозможувајќи лесен пристап за секоја вработена без разлика на градот во кој живее. Обезбедивме специјални ваучери како дополнителен знак на внимание, но и како потсетник за секој ден:
Грижата за сопственото здравје не треба да биде обврска, туку приоритет – не само во октомври, туку во текот на целата година.
Со ваквите чекори, продолжуваме да поставуваме високи стандарди во корпоративната култура, инспирирајќи ја и пошироката бизнис-заедница да инвестира во најважното – човечкиот живот и здравје.