Како да ги организирате финансиите
Клучен сегмент на добрата финансиска организација вклучува буџетирање. За секогаш да бидете сигурни дека правилно ги трошите парите, потребен е план и начин како ќе ги распределите парите во различни категории на почетокот на месецот. За да го направите овој метод што е можно поедноставен, прочитајте ги трите буџетски категории подолу за да ви помогнат.
Прво селекирајте парични средства за најбитните приоритети:
Во секој месец, одвојувајте одредена сума пари од вашиот приход за покривање на основни работи како сметки, намирници, кирија. Според финансиски експерти 50 отсто од буџетот е доволен за покривање на основните работи. Кога ќе ја одвоите таа сума на пари ќе имате во предвид колку финансии ви преостануваат за другите буџетски категории.
Од преостанатиот приход одвојте пари за заштеди
Дваесет проценти од приходите се наменети за заштеди кои ќе бидат потпора во сите неочекувани ситуации и кои ќе бидат добар почеток за реализација на долгорочните планови. Приоритетен чекор кон намалување на финансиските трошоци. Нема поубаво чувство од тоа да знаете дека нема да останете без пари за два месеци, доколку останете без работа. Износот можеби нема да биде голем, но треба да биде реален и прилагоден во поглед на можностите во тој момент. Запомнете дека ова е чекор од стратегијата за да можете повторно нормално да располагате со финансиите.
Направете месечен буџет покрај основите
Останатите 30 проценти од буџетот се доволни за месечни трошоци кои можете да ги фокусирате на ваши лични потреби и задоволства. Може да биде добра идеја овој дел од парите да ги насочите кон работите што навистина ви се потребни, како што се облека и чевли за одредена сезона, патувања, одење во театар, кино, фитнес и кафе-дружба со пријателите.
Поставете си конкретна цел за постигнување финансиска независност, самодоверба и мир. Дејствувајте спрема таа цел. Тоа ќе ви помогне да бидете фокусирани и да презвемете идеални решенија. Се што ви треба е јасна финансиска слика за организација за буџетот!