Која генерација за што најчесто ги троши парите
Луѓето се развиваат, растат, стареат, а со тоа се менуваат и нивните навики и погледи на светот.
Секоја генерација мисли дека е подобра од претходната. Забавно е да се гледа од страна како ние самите зборуваме и размислуваме за возрасните кога имаме 20 години и што мислиме за “младите“ кога ќе наполниме 40.
Секој од нас има свои потреби, преференции и интереси, така што и ние ги третираме парите на свој начин. Имаме “омилени“ категории на трошење и овие преференции можат да откријат многу за нашите карактеристики на личноста. Но, интересен е фактот што како старееме, така нашите парични навики можат да се променат.
Сите овие теми ги тераат аналитичарите да обрнат внимание на навиките за трошење на различни генерации. Дали се вистинити, ќе процените сами:
На што ги трошат парите 20-годишниците?
Логично е да се претпостави дека овие млади луѓе размислуваат за сегашноста и нивните трошоци се поврзани со нивниот изглед, забава и хоби. Дружби и забави со пријателите, патувања на актрактивни и посакувани дестинации, посета на курсеви согласно индивидуалните интереси се само дел од категориите каде најчето младите ги трошат парите.
Сепак, постојат и исклучоци и одредена категорија на помладата генерација веќе посериозно ја планира својата финансиска иднина и веќе ги направила своите први инвестиции или развила сопствен бренд.
На што ги трошат парите луѓето на 30-40 годишна возраст?
Претпоставуваме дека некаде на оваа возраст човек добива дом и буџетот се распределува на нов начин. Буџетот главно оди на трошоци за домаќинствата и станбени кредити, образование на деца и курсеви за само-подобрување. Инвестициите во бизнисот се исто така меѓу главните ставки на трошоците.
На што ги трошат парите 50-годишниците?
Истражувањата покажуваат дека на оваа возраст човекот повторно е среќен како на 20 години. Откако ќе се остават обврските кон децата, домувањето се исплатува, трошоците повторно се насочуваат кон забава, патување и подароци за своите внуци.
На крајот на краиштата, без разлика на која возраст сте, добро е да имате финансиски месечен план со распределба на трошоците и приходите, за да нема непријатни изненадувања на крајот на месецот.
Меѓутоа, доколку сè уште постои несовпаѓање помеѓу приходите и расходите за месецот, можете да сметате на заем од М Кеш. Им помогнавме на многумина, можеме да Ви помогнеме и Вам. Контактирајте не со доверба!