11.10.2023

"Од скромни почетоци до големи достигнувања: Мојот живот во М КЕШ"

news article image

Во пресрет на петгодишнината од отворањето на нашата прва продавница, ви го претставуваме првото интервју од серијалот интервјуа со некои од нашите први вработени. Овие лица не само што беа дел од нашиот почеток, туку и денеска продолжуваат да бидат столб на нашата компанија. Нивните приказни, искуства и придонес кон нашиот раст и успех се вистинска инспирација.


1.      Накратко раскажи ни за твојот професионал пат во М КЕШ.

M Кеш e компанија koja сe води по начелата на совесност, чесност комуникација, довербата и тимската работа. Toa зa мене беше доволен мотив и инспирација за да почнам да работам за компанија како што e M Кеш. Моите почетоци во M Кеш се како кредитен консултант и на истата позиција работев 3 години,а последниве 2години во компанијата работам како регионален менаџер за продажба.

 

2.      Какви се квалитети треба да поседува еден човек за да го постигне твојот успех?

Показателoт на успехот е нивото каде што се наоѓам сега , квалитетите кои треба да ги поседува секоја личност за успех во оваа професија е упорност , самодоверба и секако поддршка од претпоставените.
 

3.      Што најмногу ви помогна во постигнувањето на вашите резултати и развојот на вашата кариера во компанијата?

Она што ми помогна најмногу во постигнувањето на моите резултати и напредокот на мојата кариера во М Кеш беше несомнено поддршката од менаџментот на компанијата. Тие беа клучниот фактор во мојата професионална трансформација. Со нивното менторство и верба во мене, успеав да се соочам со секој предизвик на кој наидов. Нивната визија и водство ме инспирираа да го дадам најдобро од себе и да растам како професионалец во секој аспект на мојата работа.
 

4.      Како се промени компанијата во последните години? Раскажи ни повеќе за успесите на М КЕШ.

Во последните години, М КЕШ претрпе огромен раст и трансформација. Од мала компанија која се појави на пазарот во финансиската индустрија, дојдовме до точка на која нашите резултати и постигнувања се на ниво со најголемите банкарски институции. Оваа импресивна промена и успех не би бил возможен без посветеноста, трудот и ентузијазмот на сите вработени во М КЕШ.

Ние, вработените, сме срцето на компанијата и со нашата искреност, разбирање и доверба, успеавме да изградиме силни врски како внатрешно во тимот, така и надвор со нашите клиенти. Нашата посветеност кон клиентите и спремноста да им помогнеме во секој момент е она што нè прави посебни и доверливи. На крајот на денот, нашата главна цел е задоволството на клиентите и нивната лојалност и сме горди што можеме да кажеме дека сме успеале во тоа.

5.      Што ве мотивираше во вашата работа низ годините?

Мојата главна мотивација во работата низ годините беше, и сè уште е, желбата да им обезбедам на нашите клиенти најдобра можна услуга. Тие се причината поради која секој ден се посветувам на мојата работа со ентузијазам и посветеност. Нивното задоволство и лојалност ме поттикнуваат да бидам подобра и да се надминувам.

Покрај тоа, конкуренцијата на пазарот е исто така голема мотивација за мене. Таа ме поттикнува да бидам во чекор со новите трендови, да барам иновативни решенија и да се адаптирам на динамичните промени во индустријата. Секој нов предизвик кој ми го поставува конкуренцијата е прилика за учење и раст. И секогаш се обидувам да ги превземам овие предизвици на начин кој е во согласност со високите стандарди и вредности на нашата компанија.


6.      Што би ги посоветувале колегите кои сега се приклучуваат во тимот на М КЕШ, како до постигање на што поголеми успеси во компанијата?

Тимот на М КЕШ е веќе на ниво на кое може да му завидува секоја компанија , ние сме тим кој фукционираме како едно семејство кое со секоја индивидуа е се посилна и има резултат само доколку се работи тимски.
Совет за секој кој сака да биде дел од нашиот тим е бидете упорни, искрени и верувајте во себе.

Драгица Џонова - регионален менаџер за продажба во М КЕШ

 
7.      Кои сметаш дека се твоите лични посебни квалитети кои ги применуваш на работното место?

Секое работно место е специфично во зависност каде се наоѓа, моето работно место е во мојот град,  јас работам со луѓе кои ги познавам долги години и им излегувам во пресрет во секое време. Накратко ќе кажам дека довербата е еден од најголемите квалитети кои треба да ги поседува секој вработен во М КЕШ.


8.      Можете ли да ни дадете пример за тоа како се реализираат компаниските вредности во твоето работно секојдневие?

М КЕШ е компанија која во секое време е спремна да излезе во пресрет на сите предизвици  во кои ќе се најде секоја продавница за пари, секој вработен или клиент во нашето работење водени од одговорноста и човечноста како наши компаниски вредности.



9.      Дали постои книга која ти помогнала во твојот професионален развиток? 

Верувам дека секој човек и неговата животна приказна може да послужи како учебник од кој можеме да учиме. Иако многу книги нудат одлични совети за професионалниот развиток, ништо не може да го замени искуството и практичните лекции кои ги добиваме од вистинскиот живот и од луѓето околу нас. Верувањето дека секоја индивидуа е посебна книга е потполно точно. Секој човек носи свои знаења, искуства и приказни кои можат да ни послужат како водич во нашата кариера и живот. Така да, иако можеби нема конкретна книга која ја идентификувам како клучна за мојот професионален развиток, животните искуства и лекциите кои ги добивам од луѓето околу мене се незаменлив извор на знаење и инспирација.

 

10.  Дали има колега кој ти помогнал и те поддржал во твојот професионален развиток?

Приказната продавници за пари во М КЕШ ја започнавме 4-5 индивидуи кои функциониравме во еден здив заднички, тимски и професионално, за да по некоја година нашето семејство се зголеми на близу 200 вработени кои исто така продолжија да функционират како едно.
Менаџментот од MFG групацијата и вработените од менаџментот во М КЕШ имаат клучна улога во мојот професионален развиток. Тие не само што ме поддржуваа, туку и ме охрабруваа да ги превземам предизвиците и да се развивам како професионалец. Без нивната верба, насока и поддршка, не би стигнала до оваа точка во мојата кариера. Нивната верба во мене и моите способности беа клучни за мојот успех. Не сакам да именувам конкретни лица, бидејќи секој од нив имаше свој удел во мојата приказна, и секој од нив заслужува благодарност.

 

11.  Што е за тебе М КЕШ?

МКЕШ за мене е второ семејство после кое планирам да отидам во пензија.

Ask a question Постави прашање