24.11.2026

„Од срце за СРЦЕ“ – грижа што создава насмевки

news article image

Во рамките на корпоративната иницијатива „Од срце за СРЦЕ“, тимот на М КЕШ го посети Пензионерскиот дом во Гостивар, каде престојуваат 18 повозрасни лица. Оваа установа претставува место кое на своите корисници им обезбедува сигурност, грижа, поддршка и услови за достоинствен живот.

Како знак на внимание, почит и поддршка, тимот на М КЕШ им додели пригодни подароци на корисниците на домот, со желба да им го разубави секојдневието и да им приреди моменти исполнети со радост и позитивна енергија.

Со оваа посета сакаме да ја истакнеме важноста на грижата за повозрасните членови на нашата заедница, кои заслужуваат внимание, почит и поддршка. Веруваме дека нивната благосостојба е заедничка одговорност и дека секој искрен гест може да направи значајна разлика.

Преку иницијативата „Од срце за СРЦЕ“, М КЕШ продолжува да ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност, хуманоста и солидарноста. Затоа што вистинската грижа не се мери со големината на подарокот, туку со вниманието, човечноста и радоста што ги споделуваме.

Малите гестови создаваат големи моменти.

Ask a question Постави прашање