02.11.2026

Од срце за СРЦЕ- поддршка за женското здравје и грижата за мајките

news article image

Во рамките на иницијативата “Од срце за СРЦЕ“, а по повод месецот на женското здравје, тимот на МКеш од Кичево ја посети кичевската болница, поточно акушерското одделение каде дониравме 20 ќебиња со цел да придонесеме за поголема удобност и топлина за мајките и новороденчињата.

Со оваа донација сакаме да испратиме порака на поддршка и внимание кон женското здравје и да придонесеме за создавање попријатна и потопла средина за мајките во периодот по породувањето.

Веруваме дека општествената одговорност се покажува преку конкретни дела, искрена грижа и иницијативи што носат позитивни промени во заедницата. Преку “Од срце за СРЦЕ“продолжуваме да ја негуваме солидарноста и да даваме придонеси таму каде што поддршката има вистинско значење

Грижата започнува од срце, а секој мал гест може да донесе топлина!

Ask a question Постави прашање