14.06.2021

Предности на електричен тротинет во споредба со други превозни средства

news article image

  Пандемијата не одалечи и речиси го запре користењето на јавен превоз. Недостаток на места за паркирање, како и цената за истите ќе ве натераат да размислите дали е подобро да користите автомобил за на работа, факултет или да завршите некоја дневна обврска и да отпатувате до посакуваната локација. Најчесто користена опција е велосипед или во краен случај пешачење, но свесни сме дека тој начин одзема многу време.

  Напредокот на технологијата и зголемената употреба на електрична енергија во последниве години ги насочи потенцијалните патници да користат електрични тротинети за да обезбедат интеграција на повеќе придобивки од пешачење, возење велосипед, мотор, како што се едноставност, пристапност, брзина, еколошка пријатност и флексибилност. Колективната потрага по повеќе еколошки начини на транспорт и намалени емисии забележува одреден напредок, со тоа што електричните тротинети се едни од најголемите фаворити досега. Тие користат мала количина електрична енергија и не испуштаат никакви емисии, што е одлично за квалитетот на воздухот во нашите градови.

Електричните тротинети станаа едни од најбараните возила поради нивната едноставност и практичност. Модерни и практични електрични возила за патување, шопинг или рекреативно возење. Во споредба со другите видови превозни средства, електричните тротинети имаат свои предности и придобивки.

Заштеда на пари- Овие возила се многу поевтини од автомобилите бидејќи не работат на гориво. Електричниот тротинет не бара премногу грижа и одржување. Дури и ако треба да го смените тркалото, светлото или гумата тоа не е ништо во споредба со трошоците за поседување на автомобил.

Заштеда на време- Урбаниот транспорт троши многу енергија поради долгото чекање на семафорите или сообраќајниот метеж. Додека, електричниот тротинет изведува кратки растојанија во густо населени области без проблем и предност е што не размислувате за паркинг.

Нема да чувствувате замор- За разлика од возењето велосипед, немора да се грижите дали ќе се изморите пред да дојдете на работа. Споредувајќи го со традиционален велосипед, не е потребно да вложувате напор додека возите, па нема да има потреба да ја промените облеката кога ќе стигнете на посакуваната локација.

Лесен и практичен за употреба- Нивната предност е малата тежина. Тежат од 10 до 15 килограми, а имаат релативно висока моќност и носивост. Секој може лесно да користи електричен тротинет. Благодарение на лесниот начин за читање дисплеј, едноставно прилагодување на брзината и ефикасен систем за сопирање, тротинетот ќе го имате целосно под контрола.

Ја заштитува животната средина- Самото име кажува дека електричните тротинети се напојуваат од батерии. Батеријата може да се наполни во рок од неколку часа. Бидете еколошки свесни и изберете  транспорт што не и штети на животната средина. Електричниот тротинет работи на електрична енергија и не го загадува воздухот околу Вас!

А сега, само во М Кеш имате промоција на 25 електрични тротинети! ЕМ КЕШ, ЕМ ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ! 

 

 

Ask a question Постави прашање