03.08.2016

Зошто се толку високи каматите?

news article image

“Каматата е превисока! ” е најчестата реакција за брзите кредити. Но, дали има легитимна причина за астрономските проценти? Одвои 5 минути да се запознаеш со нив и сам донеси одлука.

Лимтирана Информација за Одобрување

Дали би поканил дома на гости некој само што си го запознал онлајн? Дали можеби претходно би сакал да прашаш дали некој го познава? Да разговараш на телефон? Да го запознаеш во живо?

Сите знаеме дека повеќе информации водат до подбри одлуки. Но, кога станува збор за кредитирање, ретко кога има пристап до доволно податоци. Најголемиот дел од одлуките за одобрување на кредитите се донесуваат врз база на кредитната оцена. Колку е подобра оваа оцена, толку се поголеми шансите да се одобри кредитот.

Проблемот настанува кога оцената не е добра или воопшто не постои, што е случај со над 60%? од Македонското активно население кое нема пристап до банкарски кредити.

Затоа, одлуката за одобрување на твојот кредит ја носи високо обучен тим кој ги зема сите твои параметри во предвид и внимателно ги анализира со своето долгогодишно искуство во кредитирањето.

Мали Позајмици за Краток Период

Зошто би зел Ваш кредит кога во банка можам да земам до 300 000 денари со 11.25% годишна камата без административни трошоци?

Во ред, но што ако итно ти требаат 300 евра? Што ќе ти каже истата банка?

Доколку банката воопшто нуди вакви кредити, веројатно би те поканила во некоја експозитура да аплицираш... Што не води до следната точка.

Брзина на Одобрување

Колку време имаш потрошено во банка за на крај да не добиеш кредит? Колку документи ти биле побарани и низ колку чекори имаш поминато за да те одбијат?

Дури и да си потрошил само 24 часа за сето тоа, што е практично нечуено за банките, сигурно имаш потрошено време на брзање од работа да стигнеш пред да затворат, да чекаш ред, да собереш документи, да заврши паузата...

Во овие модерни времиња, дали навистина има потреба да го правиш сето тоа? Нашите кредити се целосно онлајн и средствата можеш да ги имаш за буквално 1 час.

Добро, но нели би требало трошоците да бидат помали со ова?

Како споредба, која е разликата помеѓу готвењето дома и нарачување на испорака? За првото, треба да отидеш до маркет, да ги купиш сите состојки, да се вратиш дома, да потрошиш електрична енергија да зготвиш, да измиеш садови... или едноставно да почекаш да дојде храната. Можеби првото е поекономично, но разликата е во твоето потрошено време.

Истото е и со нашите кредити. Брзината доаѓа со своја цена во вид на софистицирани системи кои бараат постојано одржување за се да функционира беспрекорно, како би ги имале средствата во најбрз можен рок.

Ризик и Недостиг на Гаранција

Дали имаш позајмено пари на пријател за потоа да не ги добиеш назад со години? Пријателот го познаваш цел живот и сепак ти се случило да ги загубиш парите. Дури и да ги добиеш назад за неколку години, имаш изгубено многу време и нерви без никаков надомест.

Ова е исто така дел од причината за високите трошоци на брзите кредити. Колку и да те познаваме, немаме гаранција дека парите ќе ни бидат вратени, за разлика од банките со жиранти. Ризикот мора да биде балансиран, во спортивно економијата на кредитирање би била невозможна.

Ask a question Постави прашање