Одговорно кредитирање

Во основата на етичкиот кодекс на М Кеш стојат одговорноста, транспарентноста и почитта. Користењето на краткотрајни кредити е сериозна обврска, и затоа се залагаме за користење на добрите практики и целосно се посветуваме на нашите клиенти.

Информираност и транспарентност
Се стремиме да изградиме индивидуални и сигурни врски со секој клиент. Ние сме отворени и искрени во односите со нашите клиенти, партнери и колеги. Нашите заеми се даваат со јасни и транспарентни услови.
Погодност
Аплицирањето за кредит и потпишувањето на договорот се вршат целосно онлајн. Услугите кои ги нудиме се удобни и олеснети за корисникот. М Кеш се залага забрзо одобрување и удобно добивање на износот.
Одговорност
Ние нудиме онлајн кредити почитувајќи ги потребите и можностите на нашите клиенти. Иднивидуално ги оценуваме можностите на секој корисник што поднел барање за онлајн кредит кај нас и го понудуваме најсоодветниот план според потребите.
Онлајн заем М Кеш е добро решение за тебе, ако
  • Имаш потреба од финансиски средства.
  • Сакаш да си дозволиш непланирано купување или да платиш непредвидена сметка.
Онлајн заем М Кеш НЕ е добро решение за тебе, ако
  • Сумата ти треба за период над 12 месеци.
  • Сакаш да го искористиш за неосмислено купување.
Пред да земеш кредит од М Кеш
  • Размили дали навистина имаш потреба од парите и процени ја точната сума.
  • Процени дали си во можност на време да го вратиш заемот.
Имаш одлучено да земеш заем
  • Прочитај ги детално условите на договорот, општите услови и одлучи дали ти одговараат.
  • Планирај го месечниот буџет внимателно за да можеш да го исплатиш заемот на време.
Ако не си во состојба да го вратиш заемот
  • Не земај кредит од други места за да ја исплатиш ратата, туку контактирај нé за заедно да го најдеме најдобро решение на проблемот.
  • Не го одложувај решавањето на проблемот и обиди се да го подобриш месечниот буџет за да ги намалиш трошоците.

Овој сајт користи колачиња (cookies), за да ги подобри услугите.Разбери повеќе

Сфатив
best live chat