5 едноставни начини да се опуштите за време на празниците
Навистина, празничното расположение е насекаде околу нас - треперливи светла и украси, примамливи излози, весели компании ...Сакаме да даваме подароци и да земаме за време на празниците , но ако не внимаваме, може лесно да го потрошиме буџетот!
Подолу се нашите предлози за тоа како најдобро ЛЕСНО И СИГУРНО да ги поминете празниците без да го оптеретите буџетот :)
• Празничната еуфорија ве тера да го применувате правилото "Еднаш се живее! "
Одлучивте дека по напорно сработената година време е да се опуштите.Секоја вечер излегувате и ги почастувате своите пријатели.Го купувате на саканиот/саканата омилениот смартфон, а потоа вршите уплата на Новогодишна екскурзија до Канарските Острови. Точно, немате доволно пари, но затоа се кредитните картички ... како ќе ги враќате потоа, тоа е прашање на кое ќе размислувате во новата година.
• Во духот на Божиќните празници ја изразуваме љубовта кон семејството!
Одлучувате да "ги искупите гревовите " кон семејството и краткото време кое сте го одвоиле во текот на годината, со тоа што ќе купите скапи подароци за сите... Дури за братучедот Петко, со кого за последен пат сте се виделе пред 10 години. Потоа ќе ги поканите сите на Божиќна вечера. Освен одбрана храна и пијалоци, мора да купите и нов сервис од 240 делови. Потоа се прашувате каде отишол Божиќниот бонус и како ќе ги плаќате сметките за време на зимскиот период. Размислужате дека зимата нема да биде силна, дека ќе се намали цената на греењето или ќе ви се покачи платата!
• Сигурен Божиќен бонус .... дали?
Сигурни сте дека ќе добиете божиќен бонус - бидејќи многу сте се труделе во текот на годината, тоа го потврдува и колешката Вања, а на неа може да и се верува! Затоа, без двоумење пристапувате кон шопинг . Сега може и да немате пари, но ќе го користите пречекорувањето на дебитните картички. Излегува дека колешката Вања е во право, но не сосема :) - бонус ќе има, но половина помал од оној кој сте предвиделе дека ќе го подигнете. Избегнувате да размислувате дека следниот месец дел од (или целата) платата ќе оди за отплата на лимитот за пречекорување.
• Подароци - во последен момент! Вие сте многу зафатени ...
За некои може и да е Божиќ, но на вас ви е "запалена " главата. Толку работа имате што празничните немири се само непотребно одвраќање ... ви текнува на подароци малку пред дедо Мраз да "тргне со санките ". Одлучувате да нарачате подароците преку интернет - за да не губите време. Но бидејќи не сте провериле до кога е понудата - а таа е 2 дена по Божиќ поради обемот - се наметнува на Бадник да ги обиколувате продавниците. На крајот се одлучувате за два "комплета " подароци. Смирувајки се дека ќе зачувате до следниот Божиќ ... барем некои од нив ..
• Планирање ... но не сосема :)
Вие сте "цар (царица) " на планирањето, поставување на цели и нивно остварување. Токму затоа, купувате празнична тоалета 4 недели пред Божиќ. И тоа два броја помала. Убедени сте дека ова ќе ве мотивира да слабеете! Дополнителен мотивационен елемент е цената на фустанот! Но ... сметката излегува "крива ", а највкусните искушенија - премногу ... За утеха си купувате нов тоалета, по мерка, исто и чевли. Подарувате и еден цел ден спа третмани, за да добиете потребниот празничен сјај :) И така, незабележано, ги потрошивте дури и парите за планираната шик вечера во оној голем ресторан. Ќе земете заем. Како ќе го враќате е прашање кое само го помрачува празничното расположение.