5 совети за финансиско опоравување по празниците
Божиќните и новогодишните празници се време, во кое човек има можност да се опушти, да се ослободи од натрупаните стресови и тензии во текот на годината и да си помине добро со семејството и блиските пријатели. Забавата во овој период вклучува семејни собири околу елката, бучни забави со пријателите, празници и патувања на егзотични места. Дел од забавите сепак можат да бидат голем извор на трошоци за вас, особено ако не си доволно внимателен. Така, на почетокот на новата година, може да бидете во сериозни финансиски тешкотии. За да ти помогнеме да излезеш максимално брзо и лесно од слична ситуација ние ти подготвивме неколку корисни совети за финансиско закрепнување по празниците.
Прегледајте ги направените трошоци
На прво место, треба да почнеш со сеопфатен преглед на направените трошоци во периодот околу празниците, како и соодветна проценка за финансиската ситуација во која се наоѓаш во моментов. Обрнете внимание на предмети како што се плаќања со кредитна картичка и лични заштеди. Тоа ќе ти даде подобра идеја за финансиските можности, со кои располагаш, и претстојните исплати во најблиска иднина. Исто така нема да е излишно да ги провериш и категориите производи и услуги, на кои е потрошен поголемиот дел од направените трошоци. Ако постојат неразумно купени и апсолутно непотребни работи за твојот секојдневен живот, можеби сеуште не е премногу доцна да ги вратиш на продавачот. А ако е тоа невозможно, сличен преглед ќе ти помогне подобро да ги распоределеш расположливите средства.
Нацртај план
Дури и по направениот преглед, ситуацијата за тебе во однос на финансиите изгледа прилично сложена, но нема место за паника и самосожалување. Многу повеќе ќе ти биде од корист ако се воздржиш од проблемите и да поставеш конкретен план за справување со него. Неколку едноставни чекори може да ти бидат од голема помош во оваа насока. Тоа вклучува ограничување на дополнителни трошоци, кои не се од витално значење за тебе (на пр. трошоци за различни хоби и забава), редовна заштеда на средства на крајот на месецот и управување со престојните исплати по приоритет. На овој начин ќе успееш да ја минимизираш штетата од твоето неразумно трошење по одмори и да ја поставиш основата за враќање на финансиската стабилност и безбедност.
Користете поволни можности при пазарење
Во време кое е од исклучително големо значење за тебе да ги скратиш на минимум своите трошоци, добро е да се погледнат можностите за купување на важните стоки и производи (храна, облека, прибор за дома, итн) по поевтини цени. За таа цел можат да ти помогнат редовните промоции и попусти во повеќето продавници и трговски објекти. Следете ги овие промоции и попусти внимателно како би го добиле најдоброто од нив. Редовната пракса на такви навики ќе ти бидат од голема корист, дури и ако станува збор за навидум мали набавки.
Избегнувајте набавки и дејности, кои бараат високи трошоци одеднаш
Во овој случај подразбираме набавки и дејности кои во принцип си ги планирал на почетокот на годината, но нема да биде никаков проблем времено да да ги одложиш. Како на пример, можеме да го наведеме купувањето на некои апарати за дома (за миење садови, микробранова и др), како и реализација на поголеми кои бараат трошоци за поправки. Прифати дека сега не е најсоодветно време за такви работи и одложи ги колку што е потребно. Штом ќе застанеш на нозе, ќе можеш да ги реализираш соодветните купувања и активности, без да ти претставува проблем од финансиска гледна точка.
Побарајте стручна помош и совети
И конечно, ако ситуацијата е толку сериозна што наведените дејства не се доволни за стабилизирање на твоите лични финансии, побарај помош и совет од експерти во оваа област. Средбата со добар финансиски консултант може да биде многу корисна за излегување од проблеми. Тој ќе ја прегледа твојата финансиска состојба и заедно ќе ги идентификувате конкретни чекори, кои ќе ти помогнат да застанеш на нозе.
Секој човек може да се најде во финансиска тешка ситуација, било поради неразумно направени трошоци или на некоја вонредна ситуација во неговиот живот. Ако и ти се наоѓаш во слична ситуација во моментов, М Кеш е во пресрет да ти помогне. Благодарение на М Кеш ќе ги добиеш потребните финансиски средства токму тогаш, кога најмногу ти требаат. Избери М Кеш и поврати ја својата финансиска стабилност и сигурност!