25.10.2019

5-те најдобри книги за медитација за почетници и искусни

news article image

Пред 20 години било навистина тешко да најдете какви било извори за медитацијата. Но, денес можете да се вклучите на Интернет и да најдете информации за медитацијата за неколку секунди.

И покрај ова, книгите остануваат најдобрите извори за медитација, од кои повеќето биле напишани долго пред појавата на Интернетот. Постојат навистина многу дела за медитација и понекогаш изборот може да биде тежок. Некои книги се за формалната, седечка медитација, додека други ве учат како да медитирате целиот живот. Па, за да ви го олесниме барањето, погледнете кои се најдобрите книги за медитација за почетници и искусни.

  1. „Правење простор “ - Тич Нат Хан (Making Space - Thich Nhat Hanh

Во ова кратко дело, зен мастерот Тич Нат Хан на многу едноставен начин објаснува како да почнете со медитација дома. Овде ќе најдете многу креативни техники и предлози кои се многу повеќе од само седење и медитирање. Оваа книга е одлична за почетниците кои бараат нешто едноставно.

2. „10% посреќни “ - Ден Харис (10% Happier - Dan Harris)

За разлика од повеќето книги, ова дело е напишано за скептици од скептик - спикерот за „ABC News “, Ден Харис. Ако сметате дека и кај вас постои сомнеж или некогаш постоел, па сакате да слушнете слично мислење, оваа книга е совршена за вас.

3. „Надвор од вашиот ум “ - Алан Вотс (Out of Your Mind - Alan Watts)

Ова е навистина уникатно дело. Пред сè, бидејќи на некој начин е аудио книга, а второ, бидејќи не обрнува многу внимание на самата техника, туку на справувањето со нештата што ќе се случат за време на и како резултат од длабокото медитирање. Алан Вотс е совршената личност за споделување на овие информации бидејќи знае да го направи тоа на навистина едноставен начин. Ако сакате да почнете со подлабока медитација и да научите нешто повеќе за оваа техника, не смеете да ја игнорирате оваа класична аудио колекција.

4 „Каде одите, таму сте “ - Џон Кабат Зин (Wherever You Go, There You Are - Jon Kabat-Zinn)

Ова е совршениот модерен водич за медитација од таткото на „модерната свесност “. Како и „10% посреќни “, и оваа книга е за секој што не го сака будистичкото објаснување или поврзувањето со што било друго што има „духовна “ перспектива. Сепак, ова не значи дека книгата е плитка бидејќи и самиот Џон медитира. Делото е одлично за почетници кои не сакаат да мешаат и религија. Ако сакате директен водич што не само што ве учи да медитирате, туку и ви кажува што е важно, тогаш ова е книгата за вас.

5. „Медитација во акција “ - Чогјам Трунгп (Meditation in Action - Chogyam Trungpa)

Напишана од тибетски будистички учител, оваа книга влегува подлабоко во медитацијата на интересен начин со кој се истакнува од другите дела. Чогјам бил интересна и на некој начин контроверзна личност додека бил жив. Нос неговата мудрост и знаење за медитацијата се без сомнение уникатни и додаваат нова димензија на останатите книги.



Ask a question Постави прашање