18.12.2023

Буџетско добредојде на божиќните и новогодишните празници

news article image

Зарем не мислите дека славењето на секој празник во последно време се претвори во натпревар за трошење? Почнувајќи од родендените, кои веќе „мора“ да бидат како мали свадби, па стигнуваме до Божиќ и Нова година, кои исто така се „задолжителни“ за да се прослават на некоја егзотична дестинација или барем во луксузен хотел.

Таквото расфрлање со средства не води до ништо друго освен финансиска катастрофа веднаш по празниците. А проблемите со парите многу лесно го затемнуваат доброто расположение што не има зафатено во текот на празниците.

Доколку наближувањето на Божиќ и Нова Година ви предизвикуваат финансиски грижи, еве како сосема мирно да ги дочекате празниците без да се скршите:

Предвремено планирање

Пред се, треба да бидете свесни колку дополнителни пари можете да потрошите за празниците. Не заборавајте да земете во предвид дека покрај подароците и дочекот на празниците, платата мора да биде доволна за нашите месечни сметки и хонорари. Раното планирање ќе ни помогне да имаме среќни и опуштени празници, но ќе ни даде и стабилност во наредните денови.

Сега кога сфативте колкав е вашиот буџет , еве како да го потрошите паметно и без да го загрозите вашиот добар, празничен дух.

Подароците се купуваат рано

Најдобро време за купување подароци е кон крајот на ноември и почетокот на декември. Остануваат уште попусти од традиционалните есенски попусти, се уште нема претпразнично лудило и мирно може да се размисли, да се погледне и да се избере што ќе ги задоволи нашите најблиски.

И тука е важно да се направи прелиминарен список, според буџетот. Подароците не мора да бидат скапи, тие се само симбол на љубов и внимание. Сетете се на подароците што ги дававме во детството - голема чоколадо, книга, весели чорапи, шолја за кафе со весела слика - ова се убави, класични, буџетски подароци кои ја загреваат душата без да го испразните џебот.

Празничната трпеза не чини милиони

Колку пати во текот на годините ви биле потребни денови за да ја завршите храната од празничната трпеза? И колку пати воопшто сте морале да го фрлите остатокот затоа што купивте многу повеќе отколку што ви беше потребно?

Не паѓајте повторно во оваа замка. Можете да јадете горе-долу иста количина на храна и на празници и во обични денови, затоа не купувајте непотребно за да избегнете оптоварување на вашиот буџет.

За празничната трпеза најбитно е убавото украсување, избраните гости и доброто расположение, а тоа не чини многу пари.

Не се споредувајте

Најголем непријател на доброто расположение е споредбата и коментарите на другите на пример „ е како така ќе останете дома за празниците“. Наместо да се чувствувате виновни, кажете си: „Да, можеби ќе славам поскромно, но ќе го направам тоа од срце и со луѓето што ги сакам, а тоа е најважно“.

М КЕШ ви посакува среќни празници!

Ask a question Постави прашање