03.08.2016

Дали брзите кредити се легални?

news article image

Брзото кредитирање е доста контроверзно и постојано се асоцира со криминални активности. Ова е доста разбирливо бидејќи станува збор за прилично нов начин на кредитирање во Република Македонија, кое успешно функционира во светот и им помага на многумина.

Ние целосно ја охрабруваме претпазливоста кога станува збор за било какво ракување со пари. Дури и ние бевме скептични на почетокот за бизнис моделот на брзото кредитирање. Но, дали навистина има причина за недоверба?

Запрашај се... Колку навистина е различно брзото кредитирање од другите видови на кредитирања? Како се разликуваат финансиските друштва од банките?

Краткиот одговор е дека нема разлика. Долгиот одговор е дека има мали варијации во техничките карактеристики и би те замолиле да ги посетиш линковите за многу подетално објаснување.

Скоро сите банки нудат финансиски производи кои имаат скриени трошоци за кои се дознава кога веќе е доцна. Затоа, ние работиме комплетно транспарентно и сите трошоци се јасно дефинирани, колку и да се неприфатливи на прв поглед.

Но, без разлика на високите камати поврзани со брзите кредити, тие се целосно легални и ние строго ги следиме сите закони пропишани од надлежните институции.

Финансиското друштво М Кеш работи врз база на “12 - 27558/4 ” донесено од Министерството за Финансии, а општо за функционирањето на финансиските друштва, можеш да прочиташ во “Законот за Финансиските Друштва ”.

Исто така, личните податоци се обработуваат во согласност со “Именикот на Офицери за Заштита на Личните Податоци ”.

Со тек на време, оваа форма на кредитирање ќе биде целосно прифатена и добредојдена, а во меѓувреме, те покануваме да дознаеш 5 начини како брзите кредити можат да ти помогнат.

Ask a question Постави прашање