02.07.2025

Два тима, нула себичност

news article image

Заедничка мисија. Заеднички резултат.

Понекогаш, најмалите гестови носат најголемо значење. А четката, кога е во вистински раце, може да обои многу повеќе од метал – може да обои внимание, заедништво и одговорност.

На 2 јули, вработените од Централната канцеларија на М Кеш и Скопскиот регион – заедно со домаќините од Зоолошката градина Скопје, се обединија во уште една волонтерска акција од програмата „Од срце за срце“.

Овој пат, фокусот беше конкретен, а мисијата – симболична и суштинска: обнова и разубавување на оградите на кафезите во Зоолошката градина. Простори кои секојдневно ги дочекуваат децата, семејствата и љубителите на животни – и кои, со текот на времето, заслужуваат не само одржување, туку и внимание, боја и нов сјај.

Со ракавици, четки, алат и многу ентузијазам, нашите колеги го обоија просторот со боја – но и со смисла. Секоја линија беше израз на посветеност, секој потег – израз на одговорност.

Фарбавме огради што со години биле сведоци на детски восхит, радосни прошетки и први средби со светот на животните. Сега тие добија нов живот, нов изглед и нова енергија – благодарение на заедничкиот труд.

Оваа активност уште еднаш ја потврди суштината на нашата мисија:

М Кеш не е само за финансиска поддршка. Ние сме тука и за луѓето, за заедницата, за институциите со кои заедно создаваме вредни приказни. „Од срце за срце“ не е само кампања – тоа е наш патоказ и наш начин на делување.

Ние продолжуваме понатаму, секаде каде што има потреба од на нас–
со срце, со боја, со почит и со вистинска намера.

Ask a question Постави прашање